Гамета: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот Додава: hu:Gaméta
Ред 22: Ред 22:
[[gl:Gameto]]
[[gl:Gameto]]
[[he:תא רבייה]]
[[he:תא רבייה]]
[[hu:Gaméta]]
[[io:Gameto]]
[[io:Gameto]]
[[it:Gamete]]
[[it:Gamete]]

Преработка од 12:49, 26 јануари 2010

Гамета означува специјализирана полова клетка која вообичаено се спојува со друга гамета во процесот на полово размножување. Гаметите се хаплоидни клетки кои содржат еден комплетен сет на хромозоми и се продуцираат во процесот гаметогенеза кој вообичаено се одвива во половите органи (гаметангиуми). За време на гаметогенезата доаѓа до редукциона (мејотска) делба на клетките кои преминуваат од диплоидни соматски во хаплоидни полови клетки (гамети). По копулацијата (спојувење) на две гамети доаѓа до повторно удвојување на бројот на хромозомите, односно се добива нова единка, зигот. По низа модификации и енормен број на митотски клеточни делби зиготот најпрво поминува во ембрион, за подоцна по раѓањето да созрее во адултна единка способна да продуцира гамети.

Кај животните и останатите организми кои полово се размножуваат по пат на оогамија, половите клетки, сперматозоидите и јајце клетките, поседуваат големи разлики во структурата, големината и однесувањето. Покрај оогамниот полов процес, постојат и, изогамија, кој вклучува две идентични гамети, и анизогамија или хетергамија, кога машката и женската гамета се разликуваат по големина. Кај пониско организираните организми постојат и низа други помалку познати начини на полово размножување кои може но и не мора да вклучуваат гамети во основната смисла на зборот. Такви се на пример: зигогамија или гаметангиoгамија, конјугација, хологамија, автогамија.