Нереј: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Нереј''' (грчки: Νηρεύς) - прастаро Старогрчка митологија|старогрчко...
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Nereus,_Doris,_Okeanos_Pergamonaltar.JPG|thumb|280px| Нереј на еден [[фриз]] на [[Пергамов олтар|Пергамовиот олтар]] ([[Берлин]]).]]
'''Нереј''' ([[Грчки јазик|грчки]]: Νηρεύς) - прастаро [[Старогрчка митологија|старогрчко]] [[божество]] на морето, син на [[Понт (митологија)|Понт]] и [[Геја (митологија)|Гаја]], брат на [[Тавмант]], [[Форкин]], [[Кето]], [[Еврибија]].<ref name="Срејовиќ и Кузмановиќ">{{наведена книга|last1=Срејовиќ|first1=Драгослав|last2=Цермановиќ Кузмановиќ|first2=Александрина|translator=Стефанија Маџоска|title=Речник на старогрчката и римската митологија|publisher=Арс Ламина |location=Скопје|date=2016|page=523|volume=|isbn=9786082477183}}</ref>

Преработка од 15:12, 16 септември 2020

Нереј на еден фриз на Пергамовиот олтар (Берлин).

Нереј (грчки: Νηρεύς) - прастаро старогрчко божество на морето, син на Понт и Гаја, брат на Тавмант, Форкин, Кето, Еврибија.[1]

Карактеристики и историја на ликот

Океанидата Дорида му родила на Нереј 50 или 100 ќерќи (наречени Нереиди), а се споменува и еден син, по име Нерит. Нереј живеел во морските длабочини, опколен со љубовта и почитта на своите керќи; тој бил благ, не ја заборавал правдата и спротивно на молчеливото и сурово море со кое владеел, имал само добри намери и мисли. Нереј поседувал дарба за пророштво и способност да се преобразува во најразлични суштества и природни елементи. Пред Херакле се претворил во вода и оган, но сепак му го покажал патот до градината на Хесперидите. Се зборувало дека на Парис, на патот меѓу Спарта и Троја, му ги толкувал последиците од грабнувањето на Елена и дека му ја претскажал судбината.[1]

Уметнички приказ на ликот

Нереј се замислувал како белокос старец во бела облека, целиот во пена, со скиптар или тризабец во раката. Во ликовната уметност ретко бил прикажуван. На вазите најчесто се прикажувала неговата средба со Херакле. Понекогаш се претставувал со тело на риба, со риба во раката или како јава на морско коњче.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Срејовиќ, Драгослав; Цермановиќ Кузмановиќ, Александрина (2016). Речник на старогрчката и римската митологија. Преведено од Стефанија Маџоска. Скопје: Арс Ламина. стр. 523. ISBN 9786082477183.