Хеспериди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градина на Хеспериди
Фредерик Лорд Лајтон, 1892.

Хеспериди (грчки: Εσπερίδες, латински: Hesperides) се ќерки на титанот Атлас и божицата на ноќта Никте.[1]

Митологија[уреди | уреди извор]

Биле три и се викале:

Нив три, иако според некои извори ги имало и повеќе (Егла (Aegle), Аретуза (Arethousa), Еритеја (Erytheia), Хеспера (Hespera), Хеспереја (Hespereia), Хесперуза (Hesperusa) и Хестија (Hestia)), живееле на далекиот запад во подрачјето на денешна јужна Франција и Мароко, и тука, со змејот Ладон, го чувале стеблото со златните јаболки кои божицата Хера кога станала жена на Зевс, ги добила, како венчален поклон, од божицата земја Геа.

Градината на Хесперидите[уреди | уреди извор]

Херкул краде јаболки од градината на Хесперидите
Мозаик од Лирија, Валенција, Шпанија

Градината со златни јаболки била на планината Атлас или крај Тритонското езеро. Во непосредна близина на градината, Атлас го држел небото на своите раменици.

Градината била венчален дар од божицата Геа на својата внука Хера, па градината ѝ била посветена на неа. Градината ја чувал змејот Ладон. Кога Персеј поминал низ градината Хесперида, тој, со помош на Медузината глава, го претворил Атлас во карпа - Атлас денес е голем планински масив во Мароко и Тунис.

И Херкул, кој бил потомок на Персеј, дошол во градината за да набере неколку златни јаболки, како исполнување на една задача по налог на Евристеј. Херкул го измамил Атлас и го наговорил да му донесе златно јаболки, а пред да оди, Херкул поместил една блиска карпа, и на тоа место од сува земја потекол поток. Хесперидите овој настан го опишале Херкул како несмасен грубијан, но ова бил среќен настан, бидејќи неколку дена подоцна Аргонаутите, кога стигнале на брегот на пустињата, Хесперидите им ја угасиле жедта одведувајќи ги до изворот кој го направил Херкул.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]