Васил Тоциновски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 68: Ред 68:
{{наводи}}
{{наводи}}


{{Никулец за биографија}}


{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Тоциновски, Васил}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Тоциновски, Васил}}

Преработка од 23:21, 12 август 2015

Васил Тоциновски
Роден Васил Тоциновски
22 август 1946
Стојаково, Република Македонија
Занимање писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач

Васил Тоциновски (роден на 22 август 1946 во с. Стојаково, Гевгелиско) е македонски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач. Тој е еден од најплодните современи македонски автори. Пишува проза и поезија, како за деца така и за возрасни.

Биографија

Како добитник на Рациновата стипендија во 1969 год. дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. На истиот факултет ги завршил постдипломските студии по македонска литература, во 1984 год. магистрирал на тезата „Драмскиот писател Богдан Сираков“, а во 1989 год. ја одбранил докторската дисертација „Атанас Раздолов - живот и дело“. Дваесет години работел во Телевизија Скопје (1969-1989), беше в.д. директор на Институтот за фолклор (1989-1992). Работи како научен соработник на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а од 2008 год. па се до неговото пензионирање во 2014 год. работи како редовен професор на Катедрата за македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Риека, Р. Хрватска. Беше главен и одговорен уредник на најстарото македонско книжевно списание за литература и култура „Современост“ од Скопје.

Васил Тоциновски е потписник на 53 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство, коавтор е на 12 енциклопедии, зборници, прирачници и учебници за средното образование, во земјата и странство публикувал 277 книжевно-историски студии и 392 рецензии за автори и дела од домашната и светската книжевност. Неговите трудови се преведувани на: германски, италијански, англиски, словачки, хрватски, српски, бугарски, словенечки, албански, полски, турски, француски, руски, романски и др.

Пред македонската и светската јавност е познат повеќе како научен работник, истражувач на македонската литературна историја. Се занимава со македонскиот XIX век и периодот меѓу двете светски војни. Особен придонес има во откривањето на непознати страници од историјата на Македонскиот литературен кружок во Софија. Во тој правец, има големи заслуги во откривањето на животната судбина и литературното дело на „дводомните писатели“ од македонско потекло, т.е. Македонците кои живееле и твореле во туѓа јазична средина.

Награди

Добитник на наградите: „Крсте Мисирков“(1976), „Гоце Делчев“, за особено значајни остварувања од интерес на Републиката во областа на науката (1991), Награда за најдобра книга од домашен автор (1992), „Ванѓа Чашуле“, „Климент Охридски“, за особено значајни остварувања во културата и уметноста од интерес на Р Македонија (1995), Награда на Авторската агенција на Македонија (1997), „Димитар Митрев“ (1998), „Златно перо“ (2001), Награда за литература за деца и младинци (2002), „Гемиџии“ (2005), „Златен прстен“ (2008), „Книжевно перо“ за најдобро прозно дело(2009/2010), „Книжевно перо“ за најдобра објавена детска книга(2009/2010), „Прозни мајстори“(2012) „Струшко слово“ (2015), „Девети Ноември“ на град Велес и други награди и признанија.


Творештво

  • „Тајна во сонот“ (поезија, 1972)
  • „Настан во автобусот“ (хуморески, 1974)
  • „Птици во кругот“ (раскази, 1978)
  • „Отворена врата“ (поезија, 1979)
  • „Моќ на поетската реч“ (книжевноисториски студии, 1980)
  • „Ден за игра“ (поезија, 1981)
  • „Свилена буба“ (хуморески, 1982)
  • „Гласот што се чека“ (раскази, 1983)
  • „Криенка“ (поезија за деца, 1985)
  • „Отвори четири очи“ (раскази за деца, 1986)
  • „Живот и сцена“ (монографија, 1987)
  • „Светлина и текови“ (книжевноисториски студии, 1987)
  • „Мегдан за игра“ (роман за деца и млади, 1989)
  • „Зборот куршум и динамит“ (монографија, 1990)
  • „Поет изгнаник“ (монографија, 1990)
  • „Златокосото дете“ (роман за деца, 1992)
  • „Трета казна“ (раскази, 1993)
  • „Збор на времето“ (есеи и критики, 1993)
  • „Жаров бунтар и буревесник“ (монографија, 1994)
  • „Низ книжевниот континуитет“ (книжевно-историски студии, 1996)
  • „Коле Неделковски“ (монографија, 1997)
  • „Трагачи по вистината“ (книжевно-историски студии, 1998)
  • „Тројца кружочници“ (студии, 1998)
  • „Судбини на откорнатикот“ (книжевно-историски студии, 1998).

Наводи