Сун-цу: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.6.4) (Бот Менува: sr:Сун Цу |
с r2.6.5) (Бот Додава: map-bms:Sun Zi |
||
Ред 58: | Ред 58: | ||
[[az:Sun Dzı]] |
[[az:Sun Dzı]] |
||
[[zh-min-nan:Sun-chú]] |
[[zh-min-nan:Sun-chú]] |
||
[[map-bms:Sun Zi]] |
|||
[[be:Сунь Цзы]] |
[[be:Сунь Цзы]] |
||
[[be-x-old:Сунь Цзы]] |
[[be-x-old:Сунь Цзы]] |
||
⚫ | |||
[[bs:Sun Tzu]] |
[[bs:Sun Tzu]] |
||
[[br:Sun Tzu]] |
[[br:Sun Tzu]] |
||
⚫ | |||
[[ca:Sunzi]] |
[[ca:Sunzi]] |
||
[[cs:Sun-c']] |
[[cs:Sun-c']] |
Преработка од 07:43, 23 јануари 2012
Сун-цу | |
---|---|
Занимање | војсководец |
Народност | Кинез |
Период | 722–481 п.н.е. или 476–221 п.н.е. (спорно) |
Предмет | воена стратегија |
Значајни дела | „Умешноста на војувањето“ |
Сун-цу или Сун-цу (кинески: 孫子, пинјин: Sūn Zǐ), ц. VI век п.н.е) е автор на трактатот „Умешноста на војувањето“, енормно влијателна древна кинеска книга на тема воена стратегија (најголемиот дел не се занимава директно со тактика). Тој е исто така еден од најраните реалисти во теоријата на меѓународните односи.
Името „Сун-цу“ („Учителот Сун“) е почесна титула дадена на Сун Ву (孫武), името на авторот. Зборот Ву, кој значи „боречки“ или „воен“, е ист што и зборот „ву шу“ или „боречка вештина“. Сун Ву исто така има и куртоазно име, Чанг Чинг (長卿).
Сун-цу како историска личност
Единствениот зачуван извор за животот на Сун-цу е неговата биографија напишана во II век п.н.е. од историчарот Сима Чиен, кој го опишува како војсководец кој живеел во државата Ву во VI век п.н.е., а така и современик на еден од големите кинески мислители—Конфучиј. Меѓутоа, формата и содржината на „Умешноста на војувањето“ укажуваат дека книгата била напишана меѓу 400 п.н.е. и 320 п.н.е.
Сун-цувото дело, „Умешноста на војувањето“, нанзачено како бинг фа или „воена стратегија“, ни дава еден вид увид во периодот во кој авторот живеел.
Некои академици веруваат дека книгата е всушност дело на некои анонимни кинески философи и дека Сун-цу не постоел вистински. Интересно е дека постојат повеќе докази во полза на оваа теорија, отколку во полза на теоријата дека тој бил вистинска историска личноост. Во Лајонел Џајлсовиот вовед на неговиот превод „Умешноста на војувањето“ од 1910, тој ја обработува нејасноста и сомнителноста на авторството на оваа книга.
Според некои Сун-цу бил предок на Сун Кван, основоположникот на кралството Ву, кое било едно од трите сопернички супер-династии за времето на Трите Кралства.
Споменик во Скопје
Сун-цу е претставен на 2,5-метарска скулптура на фасадата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија во Скопје, меѓу останатите статуи на странски државници и дејци што ја красат надворешноста на ова здание[1].
Поврзано
- Познати воени писатели
- „Триесет и шест стратегии“, друга кинеско стратешко дело
- „Умешноста на војувањето“
- Философија на војувањето
Македонски изданија
Наводи
- ↑ Ивановска, Јорданка (31 јули 2011). „Новата фасада ќе ја красат скулптури на странски државници“. Дневник. Посетено на 2 август 2011.
Надворешни врски
„Сун-цу“ на Ризницата ? |
- „Умешноста на војувањето“ преведена на англиски од Лајонел Гајлс (1910) заедно со HTML верзија (англиски)
- „Умешноста на војувањето“, аудио издание Бесплатни mp3-ки раскажувани од Мајкл Скот (англиски)