Грчка граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sh:Grčki građanski rat
KamikazeBot (разговор | придонеси)
с r2.6.4) (Бот Додава: ro:Războiul Civil Grec
Ред 65: Ред 65:
[[pl:Wojna domowa w Grecji]]
[[pl:Wojna domowa w Grecji]]
[[pt:Guerra Civil da Grécia]]
[[pt:Guerra Civil da Grécia]]
[[ro:Războiul Civil Grec]]
[[ru:Гражданская война в Греции]]
[[ru:Гражданская война в Греции]]
[[sk:Grécka občianska vojna]]
[[sk:Grécka občianska vojna]]

Преработка од 23:10, 10 јули 2011

Граѓанската војна во Грција (грчки: Ελληνικός εμφύλιος πόλεμος [елиникос емфилиос полемос]) е една од првите воени конфликти кој се случиле во периодот по завршувањето на Втората светска војна, кој траел од 1946 до 1949 година. Победата над комунистите било благодарение на идното грчко членство во НАТО, како и големата подршка што во тоа време и ја давала САД на Грција. Ова всушност претставува и започнување на Студената војна од страна на истокот и западот предводени од различните режими на владеење.

Граѓанската војна главно се водела помеѓу вооружените сили на грчката влада подржувана од страна на САД и Велика Британија од една страна, и големите грчки комунисти и членовите на најголемата во тоа време антинацистичка организација (ЕЛАС), подржувана од самата Комунистичка партија на Грција.

Првата фаза од граѓанската војна се одвивала помеѓу 1942 и 1944 година. Левите и десните ориентации на партиите се спротиставувале помеѓу себе си, кое доведувало и до братоубиствена војна. Втората фаза која започнала во 1944 година, социјалистите кои контролирале голем дел од територијата на Грција, се спротиставиле на грчката влада која дотогаш била во бегство, надвор од Грција, поточно во Каиро. Третата фаза која започнала и завршила во 1946, била избрана десно ориентираната влада, под доста напрегнати услови, борејќи се против вооружаните територии на комунистите. Партијата на комунистите останала како легална се до 1948 година, кога и била забранета од страна на Атина.

Поразот на комунистите во граѓанската војна во Грција, подржувани од Југославија и Албанија, довело до пристапување на Грција во НАТО и укрпнување на влијанието на САД во Егејско море до самиот крај на Студената војна.

Предисторија

Корените на Граганската војна лежат во окупацијата на Грција од страна на Германија и Бугарија од 1941 до 1943. Кралот Јоргос Втори и неговата влада побегнаа во Египет каде целата влада се образуваше во егзил кој ги признавале западните сојузници, но не и Советскиот Сојуз. Западните сојузници активно го охрабруваа кралот Јоргос дури и го присилуваа да именува умерени министри. Некој од левицата тврдеа дека владата е нелигитимна, бидејки имала корени од диктатурата на генералот Јоанис Метаксас од 1936 до 1941.

Геманците поставиле колаборационистичка влада во Атина но ни оваа влада немала легитимна подршка. Марионетскиот режим истотака бил поткопан и од лошата економска политика која предизвикувала неконтролирана инфлација. Некои високо рангирани офицери им служеле на Германците и почнале да се појавуваат паравоени одреди кои попознати се како Сигурносни батаљони. Овие одреди никогаш не биле користени против западните сојузници само против комунистите. Недостатокот од легитимна влада создаде вакуум во власта, кој бил исполнет со неколку обиди за отпор. Најглоем од нив бил Народноослободителниот фронт (ЕАМ) кој бил основан во септември 1941. ЕАМ и неговото воено крило Грчка народноослободителна војска (ЕЛАС) ја создале Комунистичка партија на Грција. Востанието прво избило во Источна Македонија каде Германците им дозволиле на бугарските трупи да ја окупираат грчката територија.

Договорот од Варкиза

Британската интервенција

Монархо-фашистичкиот терор

НОФ

Почеток на конфликтот

Слободни територии во Северна Грција

Македонците во Демократската армија

Поразот на ДАГ

Прогонот

Надворешни врски