Свето Серафимов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свето Серафимов (19 јули 1928 во Тетово14 ноември 2021) — македонски новинар и преведувач.

Животопис[уреди | уреди извор]

Серафимов е роден во Тетово на 19 јули 1928 година. Од 1950 година целиот свој работен век го минал како уредник и коментатор во Културната и во Надворешно-политичката рубрика на „Нова Македонија“. Постојан дописник бил од Атина и од Бејрут и известувач од многубројни настани во светот. Тој е плоден преведувач на значајни дела од англиски јазик. Свето Серафимов е добитник на наградата „30 септември“ што Сојузот на литературни преведувачи ја врачува по повод Светскиот ден на преведувачот. Наградата ја добил за неговите преводи од англиски на македонски јазик на дела од англосаксонски автори и за придонес во афирмацијата на преведувачката дејност во Македонија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ДНЕВНИК: -Свето Серафимов награден за превод“. 1 октомври 2008. Посетено на 2009-10-24.