Провадија
Провадија Провадия | |
---|---|
град | |
Поглед на градот од тврдината „Овеч“ | |
Местоположба на Провадија во Бугарија | |
Координати: 43°10′9.7″N 27°26′34.16″E / 43.169361° СГШ; 27.4428222° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Варна |
Општина | Провадија |
Управа | |
• Градоначалник | Жоро Илчев (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 21,74 км2 (8,39 ми2) |
Надм. вис. | 58 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 12.419 |
• Густина | 570/км2 (1,500/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 9200 |
Повик. бр. | +359 0518 |
Мреж. место | provadia.bg |
Провадија (бугарски: Провадия) — град во северна Бугарија, административен центар на општината Провадија во Варненската Област. Има население од околу 12.419 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Градот е сместен на Провадиската Река, покрај Провадиската Клисура, опкружен со високи карпи од исток и запад. Градот се наоѓа на 47 километри западно од регионалниот центар Варна, на 53 километри југоисточно од Шумен и на 410 километри североисточно од Софија.
Историја
[уреди | уреди извор]Провадија е населба со над 25 вековна историја. Најраните откриени траги од човечка активност во областа датираат од 5 век п.н.е., кога овие земји биле населени со Тракијци. Материјално наследство на нивната култура се зачуваните околу 30 карпести гробници сместени во областа „Табиите“.[2]
Прифатена е тезата дека денешниот град е наследник на византиската тврдина која настанала во V век, која била дел од изградениот фортификациски систем против воинствените племиња кои напаѓале од север. Византијците го нарекле „Проватон“ (Πρόβατον). Постојат различни претпоставки за потеклото на ова име: едната го поврзува со премин или проход, додека другата верзија е врзана за преводот од старогрчкиот јазик на името „Проват“ (Προβάτ), што значи „овца“. Веројатно поради добро развиеното овчарство во овој регион.[2]
Словените што се населиле овде (6-7 век) ја нарекле тврдината „Овеч“ - буквален превод на византиското име. Подоцна дошле прабугарите на Аспарух исто така го прифатиле ова име, кое останало и во следниот среден век. Веќе во границите на бугарската држава, утврдувањето брзо прераснало во населба, па дури станало и воено-административен центар. За тоа придонесло нејзината стратешка локација - близината до престолнините Плиска, Преслав и Варна.
За време на Второто бугарско царство (12-14 век), градот бил чуен занаетчиски и трговски центар, тука доаѓале трговци од Дубровник, Ерменија и други далечни земји. Овеч се издигнува како еден од најважните градски центри на Бугарија, заедно со Велико Трново, Велики Преслав, Червен, Дрстр и Софија.
Според Константин Иречек, за време на отоманскиот период, Провадија била главен источен балкански центар на дубровничката трговија, а локалната дубровничка колонија ја користела нејзината засводена црква.[3] За време на Руско-турската војна (1828-1829), градот бил целосно уништен и со години бил повторно граден.[4] Бројот на бугарското население значително се намалило како резултат на неколкуте емиграциски бранови во Русија и Романија.
Ослободувањето на Бугарија од османлиската власт го нашол градот со околу 3500 жители. Градот брзо растел и се развивал, се зголемил бројот на жители, се отвориле мелници, маслени, фабрики за лакови, сапуни и текстил.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ 2,0 2,1 Град Провадия, svetimesta.com, посетен на 14 декември 2019 г.
- ↑ Иречек, Константин, История на българите, София, 1978, стр. 492
- ↑ За Провадия – Исторически музей град Провадия