Плоштад Аристотел
Плоштад Аристотел | |
---|---|
Πλατεία Αριστοτέλους | |
Поранешни називи | Плоштад Александар Велики |
Општи податоци | |
Вид | отворен плоштад |
Стил | еклектицизам |
Град | Солун |
Земја | Грција |
Координати | 40°56′45″N 22°27′18″E / 40.94583° СГШ; 22.45500° ИГД |
Надм. височина | 1.5 м (5 ст) |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Ернест Хебрард |
Плоштад „Аристотел“ (грчки: Πλατεία Αριστοτέλους) — главниот плоштад во Солун, Егејска Македонија и се наоѓа на авенијата Ники, во центарот на градот. Дизајниран е од францускиот архитект Ернест Хебрард во 1918 година, но најголемиот дел од плоштадот е изграден во 1950-те години. Повеќето згради кои се наоѓаат околу плоштадот се реновирани, а северниот дел реставриран во 2000-те години.[1]
Дванаесетте згради кои излегуваат на плоштадот, се запишани во списокот на згради уште од 1950 година.[2]
Историја на плоштадот
[уреди | уреди извор]Историјата на плоштадот Аристотел започнува со големиот пожар од 1917 година, кој уништил две третини од градот Солун.[3]
Пред пожарот
[уреди | уреди извор]Пред големиот пожар од 1917 година, на градот му недостатувало она што се сметало за 'суштинско' во европската архитектура.[3] За време на владеењето на Отоманското Царство, градот се развивал без план, и имал тесни улички.[4] Ернест Хебрард укажал на потребата од плоштади, и предложил да се изградат неколку големи плоштади во градот, вклучувајќи го и плоштадот Александар Велики (Megalou Alexandrou), кој денес е преименуван во плоштад Аристотел.[3][4]
Плановите на Ернест Хебрард
[уреди | уреди извор]Ернест Хебрард предвидел монументална оска за Солун која се протега од она што е денес плоштад Аристотел од страна на морето до плоштадот Венизелос и Римскиот Форум.[3][5] Оската започнува на плоштадот Аристотел, кој било планирано да се нарече по Александар Велики. Во својот план за Солун, Хебрард го вовел елементот кој недостигал во архитектурата на градот до 1917 година: импозантни фасади.[3] Како главни, архитектот ги користел елементите од византиската и западната архитектура[5] повеќе отколку од отоманската архитектура, со што сакал да ја нагласи врската на градот со Византија.[3][4] Овој стил е најочигледен на плоштадот Аристотел, каде неколку фасади на зградите содржат некои од оригиналните идеи на Хебрард. Споменикот на Александар Македонски требало да се најде во центарот на плоштадот.[3]
Хебрард ја дизајнирал монументалната оска така што ако се гледа нагоре од плоштадот, може да се видат Солунските ѕидини и горниот дел од градот.[3][4][6] Исто така, од плоштадот требало да се гледа она што Хебрард го нарекол Place Civique или Граѓански плоштад, кој требало да биде административен центар на градот, налик на европските:[3][4] од лево Градското Собрание, судовите од десно, и големиот триумфален свод кој би се пружал од Граѓанскиот плоштад. Овој дел од неговиот дизајн никогаш не бил остварен поради недоволно средства,[3] иако наредните археолошки ископувања открија античка римска агора на местото каде бил планиран Граѓанскиот плоштад.
Првиот концепт на Хебрард од 1918 година за плоштадот Аристотел е многу упростен.[3][4] Наместо оригиналните дизајни, фасадите кои се изградени во 1950-те години се поскромни[5] поради финансиската ситуација на земјата во тоа време, како и одлуката на владата на Венизелос од 1918 година да се гради со пари од приватни извори, а не од владини.[3]
Плоштадот денес
[уреди | уреди извор]Денес, плоштадот Аристотел е едно од најпознатите места во Грција и речиси синоним за градот Солун.[1] Плоштадот има важна улога во животот на градот, но и на државата. Бројни митинзи и говори се организирани на овој плоштад, како митингот за Македонија во 1992 година. Потоа, плоштадот се користи за одржување на културни настани, како фестивали и годишни божикни и карневалски прослави.[7][8] Секако, плоштадот е важна туристичка зона. Околу плоштадот се наоѓаат важни згради, како хотелот Електра Палас, најпознатото кино, и друго.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед од плоштадот
-
Поглед од горе
-
Поглед кон море
-
Горниот дел од плоштадот Аристотел
-
Дел од плоштадот
-
Поглед од хотелот Електра Палас
-
Електра Палас
-
Кафетерии и ресторани кои се наоѓаат во линија со плоштадот
-
Споменик на Аристотел на плоштадот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Zygomilas, Dimitris, Ο Αριστοτέλης δίδαξε, η Πλατεία Αριστοτέλους διδάσκει; (грчки), Архивирано од изворникот на 2011-07-27, Посетено на 8 March 2011
- ↑ Ministry of Culture and Tourism - National Monuments Secretariat. „YΑ ΥΠΠΟ/ΔΙΛΑΠ/Γ/529/53554/20-10-2000 - ΦΕΚ 1371/Β/9-11-2000“. Catalogue of the Designated Archaeological Sites and Monuments of Greece (грчки). www.listedmonuments.culture.gr. Архивирано од изворникот на 2016-07-16. Посетено на 20 April 2011.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Karadimou-Gerolympou, Alexandra (1995). The reconstruction of Thessaloniki after the fire of 1917: A milestone in the history of the city and in the development of Greek urban planning. University Studio Press. ISBN 960-12-0463-6.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Karadimou-Gerolympou, Alexandra (1996). Urban transformation in the Balkans (1820-1920) : Aspects of Balkan town planning and the remaking of Thessaloniki. University Studio Press. ISBN 960-12-0553-5.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „The Thessaloniki of Ernest Hébrard“, I Kathimerini, Thessaloniki, 24 October 2004
- ↑ Zafiris, Christon N. (12 December 2004), „The memory of the city: Articles and rare photographs about Thessaloniki“, O Agelioforos, Thessaloniki
- ↑ Γιορτή των Αγγέλων (грчки), Посетено на 8 March 2011
- ↑ Γιορτή Τσικνοπέμπτης 2010 (грчки), Посетено на 8 March 2011
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Плоштад Аристотел на Ризницата ?
- Webcam