Персеиди
Персеиди — појава на метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј. Појавата настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставен од кометата Свифт-Татл. Најмалите честички се со големина на зрно песок, согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд. Прво тој е со најголем интензитет па потоа постепено слабее. Овој метеорски дожд е активен од 17 јули па сè до 24 август додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час.
Опис
[уреди | уреди извор]Како и повеќето метеорски дождови така и Персеидите се образуваат од остатоци од опашката на некоја комета (Свифт-Татл). Самата комета се доближува до Земјата само еднаш на 135 години, но преку нејзината опашка Земјата поминува секоја година. Кометата се движи кон Сонцето привлечена од неговата топлина, во меѓупланетарниот простор расфрла фини честички од мраз и прашина кои под влијание на сончевиот ветар се движат кон центарот на сончевиот Систем.
Фрагменти од карпа исфрлена од јадрото на кометата паѓаат во атмосферата на Земјата и согоруваат во неа светкајќи како ѕвезди. Овој феномен може да се види од каде било во светот, но во северната хемисвфера е појасен овој феномен. Од Земјата се гледа како метеорскиот дожд да доаѓа од соѕвездието Персеј, па оттука е и називот Персеиди.
Опашката на кометата е составена од мали честички од мраз,карпи и прашина кои се исфрлени во меѓупланетарниот простор од јадрото на кометата. Кога Земјата на нејзината патека околу Сонцето се сретне со овие честички тие навлегуваат во атмосферата на Земјата со брзина од 150 илјади километри на час. Тие кога паѓаат исцртуваат права полна линија која постепено исчезнува, некогаш паѓаат во форма на една или повеќе огнени топки.
Историја на набљудувањата
[уреди | уреди извор]Првото споменување на Персеидите датира од 1936 година п.н.е во кинеските хроники. Исто така Персеидите често се споменуваат во кинески, јапонски и корејски хроники од VII - XI век. Во Европа Персеидите се наречени „Солзите на Сент Лоренс“ како фестивалот на „Сент Лоренс“ кој се одржува во истиот период (од 10 август) за кој се смета дека Персеидите се најактивни. За официјален откривач на овој феномен се смета белгиецот Адолф Кетел кој првпат дал извештај за овој феномен во 1835 година. Првиот истражувач кој го пресметал бројот на метеори на час е Едвард Хејс кој одредил максимална брзина од 160 метеори на час. Набљудувањето на Хејс и други истражувачи од целиот свет продолжува секоја година после тоа. Максималниот број на метеори на час изнесувал 37-88 до 1858 година. Интересен е фактот дека во 1861 година бројот на метеори скокнал на 78-102 на час.
Персеидите се првиот метеорски дожд поврзан со одредена комета. Во текот од 1861 до 1863 година забележано е зголемување на бројот на метеори на час во периодот на месец август. Во 1863 се избројани 215 метеори на час. Италијанскиот астроном Џовани Вирџинио Скипарели ги пресметал орбитите на неколку Персеиди и сфатил дека тие се совпаѓаат со орбитата на кометата Свифт-Татл. Кометата е откриена во 1862 година кога поминала блиску до Земјата. Периодот на целосна ротација на кометата изнесува 135 години. Последен пат кометата во близина на Земјата е видена во декември 1992 година. Таквата близина на кометата до Земјата предизвикала зголемување на активноста на Персеидите. Во август 1993 година набљудувачи од Средна Европа снимиле од 200 до 500 метеори на час. Следниот пат кога кометата Свифт-Татл ќе помине блиску до Земјата е во 2126 година.
Година | Активност на Персеидите | Најсилен дожд |
---|---|---|
2016 | 17 јули – 24 август | 12–13 август[1] (ЗЧСмакс 150) |
2015 | 17 јули – 24 август | 12–13 август[2] (ЗЧСмакс 100?) (млада месечина: 14 август) |
2014 | 17 јули - 24 август | 12–13 август[2] (ЗЧСмакс 100?) (полна месечина: 10 август) |
2013 | 17 јули - 24 август | 12 август (ЗЧСмакс 109)[3] |
2012 | 17 јули - 24 август | 12 август (ЗЧСмакс 122)[4] |
2011 | 17 јули - 24 август | 12 август (ЗЧСмакс 58)[5] (полна месечина: 13 август)[6] |
2010 | 23 јули – 24 август | 12 август (ЗЧСмакс 142) [7] |
2009 | 14 јули – 24 август | 13 август (ЗЧСмакс 173) (се проценува на 173,[8] но послабо видливите метеори биле заматени од грбавата месечина.) |
2008 | 25 јули – 24 август [9] | 13 август (ЗЧСмакс 116)[9] |
2007 | 19 јули – 25 август [10] | 13 август (ЗЧСмакс 93) [10] |
2006 | 12/13 август [11] | |
2005 | ||
2004 | 12 август (ЗЧСмакс >200) [12] | |
1972 | 12 август: најактивен забележан дожд во историјата |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Perseid Meteor Shower 2016: When, Where & How to See It“. Посетено на 2016-07-18.
- ↑ 2,0 2,1 „How to See the Best Meteor Showers of the Year: Tools, Tips and 'Save the Dates'“. nasa.gov. Посетено на 2013-07-29.
- ↑ „Perseids 2013: visual data quicklook“. Imo.net. 2013-09-23. Архивирано од изворникот на 2016-10-24. Посетено на 2014-04-20.
- ↑ „Perseids 2012: visual data quicklook“. Imo.net. 2012-10-22. Архивирано од изворникот на 2016-03-25. Посетено на 2014-04-20.
- ↑ „Perseids 2011: visual data quicklook“. Imo.net. 2011-10-06. Архивирано од изворникот на 2016-06-04. Посетено на 2014-04-20.
- ↑ „How to See the Best Meteor Showers of the Year: Tools, Tips and 'Save the Dates'“. nasa.gov. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2010-11-16.
- ↑ „How to See the Best Meteor Showers of the Year: Tools, Tips and 'Save the Dates'“. nasa.gov. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2010-08-12.
- ↑ „Perseids 2009: visual data quicklook“. Imo.net. 2010-04-26. Архивирано од изворникот на 2016-10-16. Посетено на 2009-08-11.
- ↑ 9,0 9,1 „Perseids 2008: visual data quicklook“. Imo.net. 2009-06-06. Архивирано од изворникот на 2016-10-24. Посетено на 2009-08-11.
- ↑ 10,0 10,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 2010-09-28.
- ↑ EAAS
- ↑ http://articles.adsabs.harvard.edu/cgi-bin/nph-iarticle_query?2009JIMO...37..161Z&data_type=PDF_HIGH&whole_paper=YES&type=PRINTER&filetype=.pdf
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Персеиди“ на Ризницата ? |
- Страница за Персеидите на Гари Кронк Архивирано на 19 јули 2018 г. (англиски)