Прејди на содржината

Око соколово (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Око Соколово е американски филм, во режија на Д. Џ. Карузо. Главните улоги ги играат: Шаја Лабаф, Мишел Монаган, Росарио Досон, Џулиен Мур и Били Боб Торнтон.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Откако неговиот брат-близнак ќе загине во несреќа, животот на Џери целосно се менува: на банкарската сметка му пристигнуваат многу пари, дома му пристигнува пратка со оружје, а на телефон му се јавува непознат глас кој го предупредува дека го бара полицијата. Џери ги следи инструкциите на непознатиот соговорник и заедно со една жена, која никогаш претходно не ја видел, тргнува кон Пентагон, додека ги следи ФБИ. Жената е Рејчел Холоман, самохрана мајка на која претходно ѝ се јавил истиот глас, заканувајќи се дека ќе го убие нејзиниот син, ако не ги слуша неговите наредби.[1]

  1. „Закани и наредби од мистериозен глас“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 3.