Прејди на содржината

Нинаџи

Координати: 35°01′52″N 135°42′50″E / 35.0310° СГШ; 135.7138° ИГД / 35.0310; 135.7138
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нинаџи
仁和寺
Златна сала (главна сала)
Основни податоци
МестоОучи Омуро 33, Укјо-ку, Кјото, Префектура Кјото
Координати35°01′52″N 135°42′50″E / 35.0310° СГШ; 135.7138° ИГД / 35.0310; 135.7138
ПрипадностШколата Омуро при шингонскиот будизам
БожествоАмида Нјорај (Амитаба)
ЗемјаЈапонија
Мреж. местоhttp://www.ninnaji.or.jp
Архитектонски опис
ОсновачУда
Завршен888
Шинденската северна градина.
Шинденската јужна градина.

Нинаџи (јапонски: 仁和寺) ― главниот храм на школата Омуро при шингонската секта на будизмот.[1] Сместен во Западно Кјото, Јапонија, тој бил основан во 888 г.н.е. од императорот Уда. Тој е дел од Историските споменици на Старо Кјото, светско наследство на УНЕСКО.

Историја

[уреди | уреди извор]

Нинаџи е основан во раниот период Хејан. Во 886 година, императорот Коко наредил да се изгради храмот Нишијама Гоганџи за да се благослови државата и да се пропагираат будистичките учења, но тој не доживеал да го види неговото завршување. Императорот Уда ја видел изградбата до нејзиното завршување во 888 година[2] и ја нарекол „Нина“ по година на владеење на покојниот император Каки. Од 888 до 1869 година било традиционално владејачките императори да испраќаат син во храмот за да преземе како главен свештеник кога ќе се појави слободно место.

Откако се повлекол од неговиот престол, императорот Уда станал првиот Монзеки, или аристократски свештеник, на Нина-џи. Оттогаш па сè до крајот на периодот Едо, храмот видел ред на свештеници од императорска лоза.

Во 1467 година, храмот бил уништен од пожар и борби во Онинската војна. Бил обновен околу 150 години подоцна, благодарение на најстариот син на императорот Го-Јозеј, Какушин Хосшино, кој побарал помош од Токугава Јемицу, третиот шогун (владетел) на шогунатот Токугава. Возобнувањето се совпаднало со обновата на Императорската палата во Кјото и на тој начин добил финансиски средства.

Традицијата да има аристократски лица или лица од императорска лоза да служат како началник на храмот заврши со 30-тиот Монзеки, Џунин Хосшино во доцниот период Едо.

Повеќето од преживеаните градби датираат од 17 век и вклучуваат петкатни пагоди и овоштарник со доцно расцветани џуџести цреши, викани дрвја Омуро, кои ќе пораснат до околу 2-3 метри во висина.[3] Самиот храм има неколку убаво насликани предни ѕидови и прекрасна ѕидна градина.

  • Национално богатство на Јапонија
    • Златна сала
  • Важна културна сопственост на Јапонија
    • Пагода
    • Кјозо
    • Ниомон
    • Чумон
    • Шоро
    • Канон-до
    • Мјеј-до
    • Чумон на Мјеј-до
    • Кјушо-мјоџин
    • Омотемон од Хонбо
    • Рјокаку-теј
    • Хито-теј
  • Друго
    • Чокушимон
    • Шинден
    • Рејмејден
    • Куро Шоин
    • Широ Шоин

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Ninna-ji Temple. Kyoto, Japan: Benrido Co., Ltd. 2009. стр. 1.
  2. Ponsonby-Fane, Richard (1956). Kyoto: The Old Capital of Japan, 794-1869. University of Virginia: Ponsonby Memorial Society. стр. 112. Посетено на 15 јули 2021.
  3. „Ninna-ji Temple - Kyoto Travel Guide | Planetyze“. Planetyze (англиски). Посетено на 15 јули 2021.