Лигурски јазик
Изглед
Лигурски / Џеновски | |
---|---|
lìgure, zeneize | |
Застапен во | Италија, Монако, Франција |
Говорници | 600,000 (2002)e18 |
Јазично семејство | индоевропско
|
Статус | |
Службен во | Монако (како моначки) • Лигурија |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | lij |
Linguasphere | 51-AAA-oh & 51-AAA-og |
| |
Лигурски или џеновски јазик е гало-италски јазик кој се зборува првенствено на територијата на поранешната Република Џенова, која денес ја сочинуваат регионот Лигурија во Северна Италија, делови од медитеранската крајбрежна зона на Франција, Монако (каде што е познат како моначки јазик), селото Бонифачо на Корзика, и селата Карлофорте на островот Сан Пјетро и Калазета на островот Сант'Антиоко во близина на Сардинија. Тој е дел од гало-италскиот и западнороманскиот дијалектен континуум.
Постои долга книжевна традиција на лигуриските поети и писатели од 13-ти век до денес.