Крунисување
Коронацијата или крунисувањето е церемонија што означува предавање на владеачката власт со ставање круна на главата на монархот .За монархот кој ќе ја помине церемонијата на крунисување се вели дека е крунисан . Покрај самиот чин на поставување круна на главата на монархот, церемонијата на крунисувањето на христијанските монарси честопати вклучува и миропомазание . За време на церемонијата на монархот му се предава остатокот од регалијата, на пример жезло. Сите овие предмети се од големо историско и религиско значење.
Крунисување и владеачко право
[уреди | уреди извор]Крунисувањето најчесто не е потребно за лицето што легално го наследило престолот да владее или да се смета за легален монарх. Многу монарси или не владееле доволно долго за да организираат церемонија на крунисување или не смееле да бидат крунисани, на пример за време на окупацијата на земјата, Едвард В. Јорк владеел само два месеци и немал време да се круниса, но тој несомнено бил монарх. Меѓутоа, по австроунгарскиот договор, односно воспоставувањето на двојна монархија помеѓу Австрија и Унгарија, австрискиот цар морал да биде крунисан за унгарски крал за да можел да ја преземе власта над Унгарија.
Крунисувањето денес
[уреди | уреди извор]Во христијанските кралства и царства, крунисувањето некогаш било важна церемонија што значела признавање и прифаќање на една личност за легитимен монарх. Крунисувањето како такво се задржало само во Обединетото Кралство, каде што монархот сè уште е формално крунисан. Монарсите на другите земји се откажале од таа церемонија и го означиле пристапувањето кон престолот само со многу поедноставна церемонија на востоличување.
Монархот не е крунисан во Шведска од 1873. година. Шпанските монарси имаат церемонија која е наречена крунисување, но за време на таа церемонија круната повеќе не се става на главата на монархот, туку е истакната само на олтарот. Од друга страна, Белгија никогаш немала круна.