Кирил Бујуклиев
Изглед
Кирил Бујуклиев (Штип, 29 април 1937 - Скопје, 9 мај 2010) — македонски поет.
Животопис
[уреди | уреди извор]Бујуклиев е роден во Штип на 29 април 1937 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил новинар во Радио Скопје и општествено-политички работник. Член на ДПМ од 1969 година. Автор е на книгите: Огнови во круг (1968), Валеријана (1976), На работ на времето (1982), Мигови (1987), Пред идниот изгрев (1997). Починал на 9 мај 2010 во Скопје, додека погребан е во родниот Штип[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Последен збор Кирил Бујуклиев 1937-2010, писател“. Утрински Весник. 11 мај 2011. Посетено на 2010-05-11.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |