Прејди на содржината

Квитфјел

Координати: 61°27′N 10°07′E / 61.45° СГШ; 10.12° ИГД / 61.45; 10.12
Од Википедија — слободната енциклопедија
Квитфјел
Квитфјел во април 2010 г
Квитфјел во април 2010 г
МестоРингебу, Инландет, Норвешка
Најблизок градЛилехамер: 55 kм (180,000 ст)
Координати61°27′N 10°07′E / 61.45° СГШ; 10.12° ИГД / 61.45; 10.12
Вкупен спуст854 м
Надм. вис. (најгоре)1039 м
Надм. вис. (најдолу)185 м
Патеки23
- 5 за учење
- 9 за почетници
- 6 за средни скијачи
- 3 за напредни скијачи
Најдолга патека3,5 км
Жичници9
Носивост на жичниците11,300 / ч
Снежни паркови1
Снежни врнежиниско
Снежен топ80% од патеките[1]
Ноќно скијање2,6 км
ПорталKvitfjell.no

Квитфјел (норвешки: Kvitfjell; превод: Бела планина) е скијачки центар во Норвешка, кој се наоѓа во општината Рингебу.

Скијачкиот центар бил изграден за потребите на Зимските олимписки игри 1994 во Лилехамер, и е едно од најмодерните одморалишта во светот, со можност 80% од алпските скијачки патеки да бидат покриени со вештачки снег. Одморалиштето има 23 патеки: 5 зелени (за учење), 9 сини (за почетници), 6 црвени (за средни скијачи) и 3 црни (за напредни скијачи) [2] На Квитфјел има и теренски парк и 120 километарска патека за скијачко трчање.

Трки во алпско скијање

[уреди | уреди извор]

Зимски олимписки игри 1994 година

[уреди | уреди извор]

Квитфјел е веројатно најпознат по тоа таму се одржале трките во алпско скијање (брзинските дисциплини) на Зимските олимписки игри во 1994 година.

Техничките алпски трки (велеслалом и слалом) се одржале на Хафјел.

Светски куп

[уреди | уреди извор]

Квитфјел е редовен домаќин на трките од Светскиот куп, а првата трка се извозала во март 1993 година. Спуст патеката започнува веднаш под врвот и е за малку подолга од 3 км.[3] Скијачкиот центар бил дизајниран од Бернхард Руси за Олимпијадата во 1994 година, а предизвикувачката патека Олимпијабакен е многу ценета од скијачите; по Олимпијадата, овде секоја година (до 2020) се одржувале трките од Светскиот куп за мажи.[4]

  1. Kvitfjell.no Архивирано на 3 август 2012 г. - facts - accessed 2010-02-22
  2. „www.kvitfjell.no brochure“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-29. Посетено на 2007-01-09.
  3. „Kvitfjell: World Cup downhill results“ (PDF). FIS. March 3, 2012.[мртва врска]
  4. „Kvitfjell - World Cup events“. FIS-ski.com. Посетено на 19 January 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]