Карпеста ластовичка
Карпеста ластовичка | |
---|---|
Карпести ластовички на кров | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Ластовици |
Род: | Ptyonoprogne |
Вид: | Карпеста ластовичка |
Научен назив | |
Ptyonoprogne rupestris (Scopoli, 1769) | |
Breeding range (ranges are approximate)
Resident year-round Non-breeding range | |
Синоними | |
Hirundo rupestris |
Карпестата ластовичка (Ptyonoprogne rupestris) е мала врапчевидна птица. Се размножува на планините во јужна Европа, северозападна Африка и јужна Азија. Ја има и во Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Карпестата ластовичка е долга од 13-15 см со распон на крилјата од 32-34 см, и просечно тежи околу 23 гр. Има пепелаво-кафеав горен и посветол долен дел, и има пошироко тело, крилја и опашка за разлика од другите европски ластовички. Опашката им е кратка, квадратна со различни бели шари на пердувите. Делот под крилјата и опашката им е најчесто црн, а нозете кафеаво-розови. Половите се слични меѓусебе, но младите имаат светложолто-кафеави завршетоци на предувите на главата, крилјата и горниот дел. Летот на оваа ластовичка е прилично бавен за овој вид птици. Оваа ластовичка често лета прилично високо. Звуците кои ги испушта се кратко и високо пли, пииех и тсхир, и потсетуваат на звуците на градската ластовичка.
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Карпестата ластовичка се размножува на планините во Пиринејскиот Полуостров, од северозападна Африка па сè до јужна Европа, Персискиот Залив и Хималаите и во југозападна и североисточна Кина.
Поведение
[уреди | уреди извор]Размножување
[уреди | уреди извор]Карпестата ластовичка се размножува на суви, топли и засолнети карпи во планинските предели со карпи и пештери. Овие ластовички се размножуваат во единечни гнезда или во колонии со околу 10 гнезда. Гнездата се оддалечени едно од друго околу 30 м и секој од родителите се однесува многу заштитнички и агресивно си го брани гнездото од другите ластовички и птици. Гнездењето се прави во периодот од мај до август, и најчесто имаат две легла. Гнездото се гради од страна на двата родитела, и е во форма на полуотворена шолја направена од кал и мек материјал како предуви или сува трева. За изградбата на гнездото се потребни од 1-2 недели и се употребува повеќепати. Се несат од 2 до 5 бели јајца со кафеавкасти дамки. Јајцата се со просечни димензии 20.2 x 14.0 см, и тежат околу 2.08гр. Инкубацијата трае 13-17 дена.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Оваа ластовичка се храни најчесто со инсекти кои ги фаќа во лет, иако понекогаш јаде и инсекти од камења, земја или вода. За разлика од другите видови овој вид се храни во близина на нивното место за размножување.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Species factsheet Hirundo rupestris“. BirdLife International. Retrieved 26 March 2010
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Ali, Salim; Ripley, Sidney Dillon D (1986). Handbook of the birds of India and Pakistan. 5 (2. изд.). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-561857-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Grimmett, Richard; Inskipp, Carol; Inskipp, Tim (2002). Birds of India. London: Christopher Helm Publishers Ltd. стр. 226. ISBN 0-7136-6304-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Hume, Allan Octavian (1890). The nests and eggs of Indian birds. 2 (2. изд.). London: R H Porter.
- Mullarney, Killian (1999). Collins Bird Guide. London: HarperCollins. ISBN 0-00-219728-6. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - Rasmussen P C; Anderton, J C (2005). Birds of South Asia: The Ripley Guide. 2. Smithsonian Institution & Lynx Edicions. ISBN 84-87334-66-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Reichenbach, Heinrich Gustav (1850). Avium systema naturale (германски). Dresden and Leipzig: F. Hofmeister.
- Scopoli, Giovanni Antonio (1769). Annus I Historico-Naturalis (француски). Lipsiae: Christian Gottlob Hischeri.
- Snow, David (1998). The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - Turner, Angela K; Rose, Chris (1989). A handbook to the swallows and martins of the world. London: Christopher Helm. ISBN 0-7470-3202-5.