Прејди на содржината

Кадиски Залив

Координати: 36°50′N 7°10′W / 36.833° СГШ; 7.167° ЗГД / 36.833; -7.167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кадискиот Залив на карта
Сателитска снимка на Кадискиот Залив

Кадискиот Залив (шпански: Golfo de Cádiz) — залив на Атлантскиот Океан помеѓу ’ртот Света Марија (Cabo de Santa Maria), најјужната точка на копнена Португалија и ’ртот Трафалгар (Cabo Trafalgar) на западниот крај на Гибралтарскиот Проток. Во него истекуваат речни сообраќајници Гвадалкивир и Гвадијана, како и помалите реки Одиел, Тинто и Гвадалете. Наречен е по градот Кадис кој е сместен на неговиот брег.

Заливот е сместен во североисточниот дел на Атлантскиот Океан, во подрачјето 34° до 37°15' СГШ и 6° до 9°45' ЗГД.[1]

Геологија

[уреди | уреди извор]

Геолошката историја на Кадискиот Залив е во потесна врска со заемодејството на плочите на јужна Евроазија и Северна Африка, и се движат по два главни механизма:[1]

  • подвлекување согласно западната поставеност на Гибралтарскиот Лак и образбата на прирасниот клин на Кадискиот Залив (веројатно моментално неактивна) и[1]
  • посредно судирање на литосферата на Иберија и Нубија (моментално активна).[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Oliver G., Rodrigues C & Cunha M. R. (2011). "Chemosymbiotic bivalves from the mud volcanoes of the Gulf of Cadiz, NE Atlantic, with descriptions of new species of Solemyidae, Lucinidae and Vesicomyidae". ZooKeys 113: 1-38. doi:10.3897/ZooKeys.113.1402

36°50′N 7°10′W / 36.833° СГШ; 7.167° ЗГД / 36.833; -7.167