Езекил (игумен)
Езекил | ||
Роден | 1836 Глоѓи, Тетовско | |
---|---|---|
Починал | 1898 |
Езекил (Глоѓи, Тетовско, 1836 – 1898) — македонски игумен и голем борец против странските пропаганди во Македонија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Игуменот Езекил е роден во тетовското село Глоѓи во 1836 година. Бил ученик на лешочкото богословско ќелијно училиште, а во манастирот Хиландар го добил чинот јеромонах. Бил игумен на Лешочкиот манастир од 1878 па до 1898 година, кој во тоа време станал економски моќен. Се истакнал во борбата против бугарската и против српската пропаганда. Бил убиен од „врховистите“[2]. Игуменот Езекил ( аџи Зек Илија имал големи организаторски способности. Купувал за манастирот ниви, забли, згради во Скопје и во Солун. Се борел за обновување на Охридската архиепископија и соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов. Ваквата определба многу им пречела на српските и бугарските пропагатори, па го поткупиле пашата од Ратае да го оттргне способниот игумен од манастирот. За таа цел, пашата му испратил абер на аџи Езекил ( аџи Зек Илија ), да му го продаде манастирот и целиот манастирски имот за еден шиник злато. Аџи Зек Илија на овој абер веднаш му одговорил дека тој дава два шиника злато за целиот имот на пашата во полошката нахија со сите кули и зелени ливади. Пашата многу се налутил на ваквиот навредлив одговор на игуменот и сакал по секоја цена да го ликвидира. Го повикал Столета од Жилче (Жилечки ) кој служел како измеќарветен во лешочкиот манастир и му рекол да му каже на игуменот дека аргатите кои вршеле во чивлик се закарале, дури и се степале, па од голем бес го запалиле пожнеаното жито. Кога го слушнал тоа, Аџи Езекил веднаш ја облекол мантијата, го зел крстот направен од чесно дрво и скршнал низ Сливовото сокаче, за да стигне што побрзо до чифлигот и да ги смири аргатите. Но, само што стигнал до Долни Ливади под Лешок, бил сардисан од сите страни од луѓето испратени од пашата, го фатиле и легнале на земја под еден лешник да го заколат. Но, никако не можеле да го заколат, бидејќи на вратот го носел крстот направен од чесно дрво. Откако му го извадиле крстот, убијците го заклале, но не заминале сè додека аџи Езекил не ја испуштил душата. Никој од селаните не смеел да се приближи и да го земе мртвото телото на игуменот, бидејќи се плашеле од пашата. Кога за убиството слушнал Симче Петроски - Кубур од Варвара, кој косел во месноста викано Лазое на падините на Шар Планина, ја фрлил косата и дотрчал во Долни Ливаде. Го зел мртвото тело на игуменот во раце и го однел во манастирот, го погребале пред Долните сараи. Кога разбрал пашата од Ратае дека Симче Кубур го зел телото од игуменот и го однел во Лешочкиот манастир, наредил Симчета да го донесат во Ратае. Когај го донеле Симчета у Ратае го затвориле во кулата и така го држеле цела недела, без да го судат.
АЏИ ЗЕК ИЛИЈА
Абер праќа паша од Ратае,
До аџи зек Илија во манастир,
Манастирот да му го продаде,
За шиник злато, суво ле злато!
Абер прими аџи зек Илија,
На пашата одговор му прати:
„Слушај, вамо, пашо од Ратае:
Ја ти давам два шиника злато
За све имот у Полошка наија,
Со све куле и зелени ливаде!"
Се наљути паша од Ратае,
Го поткупи Столета Жилечки
Да го викне аџи зек Илија
Боштум му се скарале аргати,
Се скарале, па се затепале,
Запалиле жито пожнеато!
Се излажа аџи зек Илија
Крст ми зеде, мантија облече
Низ Сливово поита сокаче,
За да стигне, аман, до аргати.
Когај дојде до Долни Ливаде
Од свите стране аџи сардисан!
Никој не смее глава да му земе
Дури на грди крстот му стои!
Богу се моли аџи зек Илија –
Клети анџари ми го пробија –
Тогај испушти душа страдална
Под лешникот у Долни Ливаде
Се расчуло по цела наија
Заклан е аџи зек Илија!
Когај чу кубур Симо Варварски
Фрли коса горе Јеленчица
Па дотрча у Долни Ливаде,
Го подигна аџи зек Илија
Ми го покри со црна мантија
Па го дигна на плеќи јуначки
Ми го однесе Лешечки манастир:
Соградија железна ограда
Го погребаја Долни Сараи
Со Кирила заедно Пејчинович.
Драгоцени податоци за промакедонскиот игумен аџи Езекил, роден во с. Глоѓи на 28 (15) август 1836 година, и за неговата национална определба се најдени кај рускиот офицер Петар Ритих кој го посетил Манастирот на Петровден, 1901 година. Тие се објавени во книгата "По Балканите", Санкт Петербург 1909 година, преведена од Цветан Станоевски каде што е даден целосен опис. На чело на Манастирот мошне долго време се наоѓал отец Езекил, тукашен човек, со висок степен чесен и набожен, кој стоел настрана од агитацијата, како српска, така и бугарска. Тој се сметал за чистокрвен Македонец и не се признавал ниту како Бугарин ниту како Србин. Целото негово семејство (род) Гледало на своето национално потекло со неговите очи. Не помогнале никакви совети, ниту, пак, Големите парични понуди и засрашувања. Отец Езекил не се поколебал; се откажал од какви и било преговори и gласно gи отфрлил агитаторите. Откако gи потрошиле сите убави зборови, агитаторите заминале со клетви и му порачале на еден од своите членови да gо реши случајот со Езекил. Езекил бил убиен на свиреп начин, а Бугарите, за да ГО отстранат сомнението од себе, gо погребале со свечености и му поставиле достоен gроб со соодветен бугарски наптис.
Пред да го ликвидираат игуменот аџи Езекил, Бугарите издејствувале замена на промакедонскиот митрополит Теодосиј и на негово место го поставиле егзархот Синесеј за да можат да назначат свој човек за игумен. Така, по убиството на игуменот аџи Езекил, за игумен на Манастирот бил назначен јеремонах Еротеј кој бил пробугарски ориентиран. Србите тоа го увиделе, иако помогнале за назначувањето на јеремонахот Еротеј, па српскиот конзул од Скопје, на 21 јули 1899 година, го известил Министерството за надворешни работи на Србија дека со богатиот манастир во Лешок управуваат Бугарите.