Даме (река)
Реката Даме пред влезот во Меркиш Буххолц | |
Место | Бранденбург, Берлин, Германија |
---|---|
Должина | 95 км |
Извор | Аустенберг кај Колпин 51°29′37″N 13°16′58″E / 51.4937° СГШ; 13.2827° ИГД |
Утока | во Берлин-Кепеник во Шпре 52°15′55″N 13°20′32″E / 52.2652° СГШ; 13.3423° ИГД |
Слив | Елба |
Одлив | Шпре → Хафел → Елба → Северно Море |
Слив | 1.894 км² |
Истек со Ноје Миле мерило |
Рекордно низок: 80 л/с (во 16.11.1978) Просечен низок: 907 л/с Просечен среден: 11,8 м³/с Просечен висок: 33,9 м³/с Рекордно висок: 54,6 м³/с (во 03.03.1988) |
Градови | Берлин |
Помали градови | Кенигс Вустерхаузен |
Паланки | Цојтен |
Пловност | 51 км |
Даме (германски: Dahme) — река која тече низ сојузните покраини Бранденбург и Берлин во Германија. Таа е лева притока на реката Шпре и е околу 95 километри долга.
Тек
[уреди | уреди извор]Изворот на Даме е близу истоимениот град.
Реката тече северно низ градовите Меркиш Буххолц и Прирос. Кај Меркиш Буххолц во реката се влева поплавниот канал Даме, кој ја носи водата од горните текови на реката Шпре во Лајбш. Кај Прирос во Даме се влеваат две притока, Шторковер Гевесер од десната страна и Тојпицер Гевесер од левата страна. Обете притоки создаваат синџир на поврзани езера.[1]
Северно од Прирос Даме тече низ бројни езера, вклучувајќи ги Долгенско, Крипелско и Кримникско Езеро пред да помине низ градот Кенигс Вустерхаузен. Цернсдорфер Ланкензе се влева во Крипелското Езеро како десна притока. Кај Кенигс Вустерхаузен реката Ноте се влева како лева притока.[1]
Низводно од Кенигс Вустерхаузен реката е поврзана со Меленцугското Езеро на десната страна, а кратко потоа е поврзана со Гросер Цуг и Кросинското Езеро на истиот брег. Потоа Даме се влева во Цојтенското Езеро, кое е поврзано со Сединското и Големото Езеро во предградијата на Берлин. Даме излегува од Големото Езеро, кратко пред да се влие во реката Шпре кај Кепеник, историски град, сега предградие на Берлин.[1][2]
Пловност
[уреди | уреди извор]Даме е пловна од горниот тек во Меркиш Буххолц, иако реката над Прирос е плитка и обично се користи само за рекреација. Кануата и сличните пловила можат да поминат низ браната близу Меркиш Буххолц да влезат во поплавниот канал Даме, кој е потоа пловен до неговата раскрсница со горниот тек на Шпре. Шторковер Гевесер е пловен до Шармицелското Езеро, додека Тојпицер Гевесер до Тојпицерското Езеро. Реката Ноте е исто така пловна, како и поголемиот број езера со кои е поврзана.[1]
Каналот Одра-Шпре го поврзува Сединското Езеро близу Шмеквиц со реката Одра кај Ајзенхитенштат, со што овозможува врска помеѓу Берлин и Одра, а оттука и со Полска. Каналот Гозен исто така го поврзува Сединското Езеро со Шпре и со тоа овозможува пократка рута до Мигелското Езеро, Волтерсдорф и Ридерсдорф за сообраќајот кој доаѓа низводно.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Sheffield, Barry (1995). Inland Waterways of Germany. Сент Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 119–122. ISBN 0-85288-283-1.
- ↑ 2,0 2,1 Sheffield, Barry (1995). Inland Waterways of Germany. Сент Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 113–117. ISBN 0-85288-283-1.
„Даме (река)“ на Ризницата ? |