Прејди на содржината

Алпај Реџеп

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алпај Реџеп (турски: Alpay Recep; Гостивар, 1976) е македонски сликар.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Реџеп е роден во Гостивар во 1976 година. Дипломирал 2000 година на ФЛУ во Скопје во класата на проф. Рубенс Корубин. Во 2004 година завршил постдипломски студии на сликарскиот оддел под менторство на проф. Веле Ташовски. Од 2003 до 2005 работел како ликовен педагог во гостиварското село Врапчиште. Живее во Гостивар.

самостојни
  • 2001, Адексам, Здружение за култура и уметност - Гостивар
  • 2004, МСУ – Скопје[2]
  • 2005, Дом на култура „Григор Прличев”, Охрид
  • 2009, Музеј на Град Скопје - Скопје[3]
групни
  • 1999, Галерија Ко-ра, Скопје
  • 2000, Дом на АРМ, Скопје
  • 2003, 6то Биенале на младите уметници, МСУ - Скопје
  • 2003, Ликовна колонија “Сите заедно”, Дом на култура, Дебар
  • 2003, Дом на култура, Гостивар
  • 2004, Дом на АРМ, Скопје
  • 2004, Дом на култура, Гостивар
  • 2004, Дом на култура, Гостивар
  • 2004, Дом на култура, Гостивар
  1. „Ressam Alpay Recep'in Kişisel Sergisi Açıldı“ (турски). Yeni Ваlkan. 25 март 2009. Посетено на 2010-11-02.[мртва врска]
  2. „Реџеп Алпај: Пејзажи а-ла-турка“. МСУ. 2004. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-11-02.
  3. „Алпај Реџеп во Музејот на Град Скопје“. Утрински Весник. 12 март 2009. Посетено на 2010-11-02.