Ѕенг Љенсунг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѕенг Љенсунг (1917-1999 (кин. 曾联松, пинјин: Zēng Liánsōng) е авторот на знамето на НР Кина. Родум бил од Џујан, во покраината Џеџанг.

Во 1936 Ѕенг се запишал на економскиот факултет при Националниот централен универзитет (преименуван во Нанџиншки универзитет во 1949). За време на Втората кинеско-јапонска војна учествувал во борбата против јапонските окупатори. Членувал и во постојаниот комитет на Народното политичко советодавно собрание на Кина (НПСС) во Шангај.