ДСУ „Искра“ - Штип
ДСУ „Искра“ | |
Место | |
Општина: | Штип |
Место: | Штип |
Основни информации | |
Контактни информации | |
Портал | centariskra.schools.edu.mk |
Државно средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ — средно училиште со ученички дом за ученици со посебни образовни потреби, се наоѓа во Штип, Општина Штип. Училиштето е сместено на 1,5 km од Центарот на градот, на магистралниот пат Штип - Радовиш - Струмица во непосредна близина на термо минералната бања „Кежовица“ во месноста Ново село.
Воспитно образовната институција постои од ноември 1981 г. Објектот во кој се сместени училиштето и домот е изграден во 1952 г. и во него било сместено некогашното земјоделско училиште, а во 1979 г. е адаптирано и приспособено за вршење на дејноста на ДСУ “Искра”.
Суштината на постоењето на ДСУ ”Искра” Штип е од посебен интерес на Републиката и е единствена институција од ваков вид во Источниот дел на Р Македонија за згрижување, воспитание, образование и рехабилитација на ученици младинци со пречки во развојот и посебни образовни потреби. Од основањето до денес своето право на воспитание, образование и рехабилитација го оствариле околу 1000 ученици.
Учество на натпревари
[уреди | уреди извор]Освоени награди
[уреди | уреди извор]Познати личности кои учеле во ова училиште
[уреди | уреди извор]Познати личности кои предавале во ова училиште
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- http://centariskra.schools.edu.mk Архивирано на 30 септември 2007 г. Мрежно место на училиштето
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
Оваа статија училиште во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |