ДСУ „Искра“ - Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


ДСУ „Искра“
Место
Општина: Штип
Место: Штип
Основни информации
Контакт информации
Портал centariskra.schools.edu.mk

Државно средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ — средно училиште со ученички дом за ученици со посебни образовни потреби, се наоѓа во Штип, Општина Штип. Училиштето е сместено на 1,5 km од Центарот на градот, на магистралниот пат Штип - Радовиш - Струмица во непосредна близина на термо минералната бања „Кежовица“ во месноста Ново село.

Воспитно образовната институција постои од ноември 1981 г. Објектот во кој се сместени училиштето и домот е изграден во 1952 г. и во него било сместено некогашното земјоделско училиште, а во 1979 г. е адаптирано и приспособено за вршење на дејноста на ДСУ “Искра”.

Суштината на постоењето на ДСУ ”Искра” Штип е од посебен интерес на Републиката и е единствена институција од ваков вид во Источниот дел на Р. Македонија за згрижување, воспитание, образование и рехабилитација на ученици младинци со пречки во развојот и посебни образовни потреби. Од основањето до денес своето право на воспитание, образование и рехабилитација го оствариле околу 1000 ученици.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]