Windows 7

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Windows 7

Windows 7 е најновата верзија на оперативниот систем Microsoft Windows, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Оперативниот систем е направен за персонални компјутери, лап-топи, таблет персонални компјутери и медија центар компјутери. Windows 7 е пуштен до произведувачите на хардвер и софтвер на 22 јули 2009, со што беше објавен и конечниот датум (22 октомври 2009) за офицјално пуштање во продажба на новиот оперативен систем. Исто така истиот датум се планира и за пуштање во продажба и на неговиот "колега" Windows Server 2008 R2 кој е наменет за сервери. За разлика од својот претходник Windows Vista која внесе голем број на новости, Windows 7 има намера повеќе да се фокусира на компатибилноста, односно да биде компатибилен со што е можно повеќе хардвер и програми. Ново за овој оперативен систем е multi-touch технологијата, а исто така редизајнирана е и старт лентата.

Карактеристики[уреди]

Windows 7 вклучува голем број на нови функции како што се технологијата за допир и препознавање на ракопис, поддршка за препознавање на виртуелни хард дискови, подобрени перформанси на повеќе јадрените процесори. Нова верзија на Media Center, нов калкулатор со нови и подобрени функции. Многу нови нешта се додадени во контролниот панел. Windows Security Center е преименуван во Windows Action Center. Старт лентата има претрпено најголеми визуелни измени.

Новата старт лента.

Исто така има нови верзии на Windows Media Player и тоа со верзија 12 и Interent Explorer со верзија 8. Исто така за разлика од Vista корисниците ќе можат да оневозможат голем број на функции од Windows-от, најзначајно е тоа што корисниците сега ќе можат да го оневозможат Interenet Explorer односно да го нема во нивниот систем. Windows 7 вклучува и 13 нови шеми на звуци и тоа: Afternoon, Calligraphy, Characters, Cityscape, Delta, Festival, Garden, Heritage, Landscape, Quirky, Raga, Savanna, и Sonata. Нова верзија на Windows Virtual PC е достапна и е достапен Windows XP модот, односно корисниците да можат да користат и Windows XP на истиот компјутер додека е вклучен самиот Windows 7.

Хардверски побарувања[уреди]

Минимални хардверски побарувања за Windows 7
Архитектура 32-bit 64-bit
Брзина на процесорот 1 GHz processor
Рам меморија 1 GB рам меморија 2 GB рам меморија
Графичка картичка Поддршка за DirectX 9 со 128 мегабајти графичка меморија (за Windows Aero темата)
Слободно место на хард дискот 16 гигабајти слободни место 20 гигабајти слободни место
Оптички драјв DVD драјв



Надворешни врски[уреди]