Прејди на содржината

Вампирски дневници

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од The Vampire Diaries)

Вампирски Дневници” е натприродна телевизиска серија/драма која е создадена од страна на Кевин Вилиамсон и Џули Плек,и е заснована на истоимената книга напишана од Л.Џ.Смит.Премиерата на серијата беше на 10 септември 2009 г.,и се емитуваше на The Cw телевизиската мрежа.Дејството на серијата се одвива во Мистик Фолс,Вирџинија,измислен мал град опседнат од натприродни суштевства.Серијата главно се фокусира на лјубовниот триаголник помеѓу главната протагонистка Елена Гилберт(Нина Добрев) и браќата-вампири Стефан Салватор(Пол Весли) и Дејмон Салватор(Ијан Сомерхалдер).Како што приказната се развива во текот на серијата,фокусната точка се префрла на мистериозното минато на градот,вклучувајќи ја злонамерната двојничка на Елена по име Катерина Пирс и семејството на Првите вампири,од кои сите имаат сопствени злобни планови.

Пилот епизодата(првата епизода) на серијата привлече најголем број на гледачи откако телевизиската мрежа била создадена во 2006 г.Првата сезона имаше стапка на гледаност од 3.60 милиони гледачи.Серијата на почетокот добиваше главно просечни критики,но критичарите се согласија дека серијата се подобрува со текот на самите сезони, и премиерите на првата и втората сезона се здобиле со позитивни критики.Серијата била номинирана за повеќе награди, и добила две People’s choice Awards,и многу Teen Choice Awards.На 26 април,2011 г телевизиската мрежа The Cw снимаше трета сезона на серијата која што започна да се емитува на 15 септември, 2011 г. На 3 Мај,2011 г, The Cw снимила и четврта сезона од серијата која започнала да се емитува на 11 октомври,2012 г.

Серијата го следи животот на 17 годишната девојка Елена Гилберт(Нина Добрев),која длабоко се заљубува во 162 годишниот вампир Стефан Салватор(Пол Весли).Нивната врска станува многу комплицирана кога злобниот и злонамерен брат на Стефан,Дејмон(Ијан Сомерхалдер) се враќа со план да донесе несреќа на градот,како и да му се одмазди на неговиот помал брат.Двајцата браќа почнуваат да покажуваат чувства кон Елена,главно поради сличноста која таа ја имала со нивната стара љубов Кетрин Пирс.Одкриено е дека Кетрин е двојник на Елена која подоцна се враќа со злобни планови против триото.

Дејството на серијата се одвива во измислениот мал град Мистик Фолс во државата Вирџинија,кој важи за град со натприродна историја се од доселувањето на мигрантите од Нова Англија во седумнаесеттиот век.Другите дејства во серијата се засноваат околу другите жители на градот,но најмногу на помалиот брат на Елена,Џереми Гилберт(Стивен.Р.МекКвин),нејзините најдобри другарки Бони Бенет(Катерина Грахам)и Каролин Форбс(Кандис Акола) и нивните заеднички пријатели Тајлер Локвуд(Мајкал Тревино) и Мет Донован(Зак Роринг).Политиката во градот ја водат предците на првите фамилии,кои формираа Совет на Основачи.Некои од основачките фамилли на Мистик Фолс се фамилиите Салватор,Гилберт,Фелс,Форбс и Локвудс.Тие го заштитуваат градот главно од вампири,иако има и други натприродни закани како што се варколаци,вештерки,духови и хибриди(спој на вампир и врколак).

Иако серијата се заснова на истоимените книги, многу ликови во серијата се изменети,но сепак главната приказна од оригиналните книги е зачувана. Почнувајќи од првата сезона ,десет ликови добија Star Billing, од кои едниот бил напишан, а друигиот промовиран.

Нина Добрев ја толкува улогата на Елена Гилберт, главната протагонистка во серијата како и нејзината двојничка Кетрин Пирс,која исто така е позната под името Катерина Петрова и првично е главната антагонистка во втората сезона.

Пол Весли ја толкува улогата на Стефан Салватор,посветен вампир со добро срце и сосема различен од неговиот постар брат, Дејмон Салватор.

Ликот на Дејмон го толува глумецот Ијан Сомерхалдер,Дејмон е злобниот вампир,брат на Стефан кој во почетокот е всушност и анти херојот на серијата.Сепак како што серијата се одвива,тој ја покажува својата подобра и пољубезна страна.Подоцна во серијата Стефан повторно станува вампир кој убива многу луѓе, а неговата улога станува антагонистичка.

Другите улоги во серијата ги толкуваат Стивен Р.Мек Квин како Џереми Гилберт,помалиот брат на Елена,подоцно е одкриено дека тој всушност нејзин биолошки братучед и Сара Канинг која го толкува ликот на нивната тетка и нивни старател,Џена Сомерс која е убиена на крајот од третата сезона откако ќе биде претворена во вампир. Катерина Грахам го толкува ликот на Бони Бенет, најдобрата пријателка на Елена, која исто така е и вештерка.

Кандис Акола го толкува ликот на Каролин Форбс, другата најдобра пријателка на Елена,таа е несигурна и во почетокот повремено е и соперничка на Елена, но во втората сезона таа станува вампир,што ја прави посилна и поодговорна личност. Зак Роеринг го толкува ликот на Мат Денован, пријател од детството како и бивши дечко на Елена, кој подоцна во серијата ќе биде во романтична врска со Каролин. Мајкал Тревино го толкува ликот на Тајлер Локвуд, кој подоцна е претворен во хибрид, соперник на Џереми ,најдобар другар на Мат и син на градоначалникот на Мистик Фолс, било докажано дека машките членови на неговото семејство се хибриди и со самотот тоа претставуваат закана за градот.

Кајла Евел го толкува ликот на Вики Денован, проблематичната помала сестра на Мат, девојка на Тајлер, а подоцна и девојка на Џереми. Таа ја заврши својата улога во серијата во седмата епизода од првата сезона ,кога Дејмон ја претвори во вампир, а потоа Стефан ја уби.Непосредно после тоа Метју Дејвис се приклучи на проектот во улагата на Аларик Салцман,професор по историја, ловец на вампири и љубовен интерес на Џена. Џосеф Морган му се приклучува на проектот во третата сезона од серијата, откако во втората сезона се појавува како еден од оригиналните вампири, Клаус кој е главниот антагонист во втората и третата сезона.

Продукција

[уреди | уреди извор]

Во почетокот , Кевин Вилијамсон немал голем интерес за да ја развие серијата,поради тоа што сметал дека премисата е слична со другите вампирски приказни.Но сепак по иницијатива на Џули Плек,Кевин почнал да ги чита истоимените новели, и станал заинтересиран за приказната:”Почнав да сфаќам дека стнува збор за приказна која се однесува на еден мал град,неговата темна страна,и сè што се крие под неговата површина”.Вилијамсон констатирал дека главниот фокус на приказната во серијалот ќе биде приказната за градот,повеќе отколку за средното училиште.

На 6 февруари 2009г,списанието Variety објави дека телевизиската куќа The Cw веќе започнала со снимање на пилот епизодата на серијата Вампирски Дневници со Вилијамсон и Џули Плек како главни писатели и извршни продуценти.

На 19 мај,2009 г, серијата била официјално нарачана за телевизиската сезона 2009-2010 г. Пилот епизодата на серијата беше снимена во Ванкувер(Британска Колумбија),но останатите епизоди се снимени во Ковингтон(Грузија),кој е претставен како фиктивниот мал град Мистик Фолс, како и неколку заедници околу Атланта,со цел да ја искористат ниската стапка на такса. Утрото на 10 мај,2012г,избувнал пожар во куќата која се наоѓала на улицата Clarck во Ковингтон, и која служела како место во кое се одржал изборот на мис мистична девојка во серијата.

На 21 октомври,2010г за серијата биле напишани 22 епизоди,како последица на позитивните критики и рејтинзи кои серијата ги добила уште во првата половина на нејзиното емитување.

На 16 февруари,2011 г,телевизиската куќа The Cw објави дека серијата ќе добие снимање на втора сезона,која својата премиера ја имаше на 9 септември истата година.На 26 април,2011 The Cw објави трета сезона на серијата.Третата сезона ја имаше својата премиера на 15 септември,2011г,а четвртата сезона на 11 октомври истата година.

Претседателот на телевизиската куќа The Cw во едно интервју за летното списание TCA кажа дека серијата Вампирски Дневници остана без епизода повеќе на барање на продуцентот Кевин Вилијамсон,велејќи:”Вилијамсон сака да ја направи најдобрата серија тој би предпочитал да направи 22 епизоди.Јас попрво би гледал 22 одлични епизоди отколку 24 добри.

Critical reception

[уреди | уреди извор]

Во почетокот серијата Вампирски Дневници добиваше различни критики.Порталот Metacritic на серијата и додели скор од 50 кој бил заснован на 22 просечни критики.Американскиот магазин Entertainment Weekly на пилот епизодата на серијата и додели B+,изјавувајќи дека серијата го најавува враќањето на писателот и продуцент Кевин Вилијамсон. Критичарот Кен Такер ја заврши својата критика кон серијата, пишувајќи:”Оваа серија ни ветува сезона исполнета со возбуда и забава,,.Линда Стаси од весникот New York Post и даде на серијата одличен рејтинг, велејќи дека таа е навлечена откако ја гледала првата епизода.Стаси го фалела темпото на епизодите како и крвавата,волшебна вампирска акција која започнува од самото започнување на серијата и се шири низ неа со голема брзина и жестокост што е навистина страшно.Спротивно на тоа,Тим Годман од списанието San Francisco’s Chronicles и даде високо негативна критика на епизодата нарекувајќи ја ужасна.На годман не му се допаднал дијалогот и се надевал дека глумците од серијата Ловецот на Вампири-Бафи ќе се вратат на екраните за да ги “изедат”оние кои работат на серијата Вампирски Дневници,како и сите останати скрипти за истата.

Според многу телевизиски критики,серијата станува се подобра со секоја измината епизода.Сара Хуџес од списанието The Independent рекла дека, и покрај лошата пилот епизода Вампирски Дневници се претворила во добро напишана и интересно развиена серија.Списанието The New York Post упати посебни фалби кон ликот на Елена Гилберт според чија улога била жена со силен разум која не дозволувала да ја контролираат чувствата кои ги имала кон нејзиниот дечко.

Карла Петерсон од списанието The San Diego Union-Tribune рекла ”натприродната драма е првокласна продукција,која има зачудувачки прекрасен тим,остри скрипти и интересната атмосфера на која дури и најприбраните луѓе не може да и одолеат. Мајк Хејл од списанието The New York Times на неговата листа за најдобри серии за 2009 година и даде почесно место на Вампирски Дневници.

Втората сезона на серијата постигна рејтинг од 77/100 на мрежното место Метакритикс.Како што серијата се развиваше и напредуваше кон третата сезона главните протагонисти и развојот на женските ликови ,како што се Елена Гилберт која ја глуми Нина Добрев и Каролин Форбс чиј лик го глуми Кандис Акола, добиваа позитивни критики.Крајната епизода од третата сезона,”Заминатите”,во главно доби позитивни критики.Дијана Стен Берген од порталот IGN ја пофали епизодата и писателот за создавање на повеќе приказни и спојување на истите во една.Таа исто така ја пофали глумата на Добрев во оваа епизода ,посочувајќи го нејзиното однесување како уште една причина за крајото откритие на Меридит да биде уште пошокантно и пореално.Слично на тоа и Менди Берли од списанието ”Entretaiment Weekly” ја пофали вештината на писателот во создавање на најнеочекуван краен пресврт.

Признанија

[уреди | уреди извор]

Серијата ”Вампирски Дневници”доби седум, ”Теen Choice” награди во 2010 година,вклучувајќи ги наградите за : најдобра научно фантастична серија,најдобар глумец во научно-фантастична серија,за најдобра глумица(Нина Добрев),споредна улога (Џозеф Морган) и други.Серијата исто така доби награда за омилена нова Тв драма на “People’s Choice” наградите во 2010 година,и беше номинирана за омилена научно-фантастична серија.Исто така беше номинирана за Сатурн наградата за најдобра серија на телевизиска мрежа.На 9 ноември 2010 година ја освои номинацијата на Ијан Сомер Халдер во категоријата на најдобар глумец во тв драма.Во 2011 година серијата беше номинирана за дванаесет “Teen Choice ” награди.

На “People’s Choice Awards 2012” серијата доби четири номинации за најдобра тв драма,за најдобра научно-фантастична серија,најдобра глумица во драма за Нина Добрев и најдобар глумец во драма за Ијан Сомерхалдер,додека пак наградата за најдобра серија ја доби серијата “Натприродно”.Нина Добрев ја освои наградата во нејзината категорија.На “Teen Choice ” наградите во 2012 година серијата беше номинирана за девет награди,а од нив доби шест.Во 2013 на “People’s Choice Awards” серијата е номинирана во пет категории.

ДВД изданија

[уреди | уреди извор]

Првата зесона беше издадена на DVD во регионите 1,2 и 4 според DVD-регионалниот код, и на Blu-Ray во регионите А и В.И двете американски верзии вклучуваа изјави од екипата и глумците на одредени епизоди,избришани сцени,случки кои се случиле позади сцената,интернет изданија и аудио книга од Л.Џ.Смит,која може да се симне од интернет “Вампирски дневници:Будење”.Во регионот два,DVD изданието беше пуштено во продажба на 23 август 2010 година.После тоа регионот еден започна со продажба на ова издание на 31 август истата година,а регионот 3 на први септември.Во регионот А беше пуштено во продажба Blu-Ray издание на 31 август 2010 година,а додека пак пуштањето во продажба во региониот В варираше од место до место:во Велика Британија на 23 Август 2010,Бразил на 26 август 2010 и Австралија на 1 септември 2010 година.Втората сезона од оваа серија беше достапна на Blu-Ray и DVD изданија на 30 август 2011,и овој пат пуштањето во продажба во регионот В варираше:во Велика Британија на 22 август 2011 година,Бразил 25 август 2011 година.Третата сезона од серијата е достапна на Blu-Ray и DVD изданија уште од 11 септември во регионот А а од 5 септември 2012 DVD изданието излезе во продажба во регионот 4 и во регионот В.Поранешниот претседател на телевизиската мрежа The CW Даун Остров спомена идеја за адаптација на серијата во видео игра,што би можело да се случи за неколку години.Такво нешто беше во развој во 2011 година,но поради посветеноста кон серијата “Тајниот круг”,продуцентот Кевин Вилијамсон се откажа од таа идеја и таа беше ставена на чекање на неодредено време.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: