Opijum

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Opijum“
сингл од Магазин
од албумот Da si ti ja
Пуштена1997
Снимена1997
Жанр
Должина3:00
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Магазин ― синглова хронологија
"Samo navika"
(1996)
"Opijum"
(1997)
"Gutljaj vina"
(1998)
Музичко видео
„Samo navika“ (Официјално видео) на YouTube

Opijum“ (македонски: Опиум) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 1997 година, а се нашла на тринаесеттиот студиски албум на бендот, односно на вториот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главен вокал, насловен Da si ti ja (Да си ти јас). Како и најголемиот број песни на албумот, песната е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Арамжанот бил завршен од страна на Стипица Калоѓера. Со цел да се промовира песната, бендот има снимено музичко видео. Песната исто така ја има изведено во живо за време на концерти низ пост-југословенскиот регион. Откако ја започнала својата соло кариера, Розга ја вклучила песната за време на повеќето настапи во живо и таа важи за еден од нејзините најголеми хитови. Популарниот радиски настап на хрватската радио станица народни радио е прегледан повеќе од 23 милиони пати на Јутјуб. Во 2022, песната била вклучена и на акустичниот компилациски албум на пејачката, насловен Minut srca mog во којшто е преработена.

Настапи во живо[уреди | уреди извор]

На 8 декември 2020 година, Розга се појавила на деветтиот собир на настанот насловен „HEP Opskrba“ каде што имала интервју и извела акустични преработки на пет песни, меѓу кои и таа на „Opijum“.[1] На 19 април 2020, за време на вториот во серијата од седум концерти коишто ги одржала дома за време на Пандемијата на КОВИД-19, Розга извела акустична верзија на „Suze biserne“ придружена од Милан Терзе на гитара. Видеото било првично прикажано на Instagram Live и потоа на Јутјуб.[2] Покрај тоа, ја извела песната и на 25 декември 2020, на Божиќ, за време на седмиот онлајн концерт во живо на Instagram придружена од Милан Терзе и Карло Дотур на гитара.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]