Nirvana (песна на Јелена Розга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Nirvana“
сингл од Јелена Розга
од албумот Moderna žena
Пуштена2013
Снимена2013
Жанр
Должина3:45
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Јелена Розга ― синглова хронологија
"Dobitna kombinacija"
(2012)
"Nirvana"
(2013)
"Obožavam"
(2013)
Музичко видео
Грешка: Немате укажано назнака на страницата на YouTube

Nirvana“ (македонски: Нирвана) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет соло студиски албум Moderna žena (2016). Песната е издадена како сингл од албумот во 2012 година. Напишана е од дуото Хуљиќ коешто се состои од музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната е продуцирана од Борис Ѓурѓевиќ. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо за време на фестивали, а потоа и на нејзините концерти и регионални турнеи, кадешто важи за еден од нејзините најголеми хитови. Песната има и свое музичко видео коешто е издадено на 26 март 2013 година. Видеото ја прикажува Розга како изведува танчарска кореографија, придружена од двајца машки танчари. Покрај тоа, во видеото можат да се видат сцени од природни појави, како ноќ и грмотевици. Музичкото видео е второто најгледано на каналот на Јутјуб на пејачкатa, со повеќе од 41.75 милиони прегледи.[1]

Според текстот, во песната се работи за женски протагонист којшто, го повикува нејзиниот машки партнер да ѝ се придружи за време на ноќта бидејќи таа се наоѓа себеси во состојба на „нирвана“. Покрај својата голема популарност кај публиката, била и комерцијално успешна, искачувајќи се на 16-то место на листата за синглови во Хрватска HR Top 40.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jelena Rozga - Nirvana (official video 2013) HD. Јелена Розга. 26 март 2013. https://www.youtube.com/watch?v=Y5e1tYuCOBo&pp=ygUUSmVsZW5hIHJvemdhIG5pcnZhbmE%3D. 
  2. „HR TOP 40 Week 16 2013“ (хрватски). top-lista. Архивирано од изворникот 20 април 2013. Посетено на 29 април 2024.