Mujeres Libres

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Mujeres Libres (македонски: Слободни жени) беше анархистичка организација на жените во Шпанија, која имаше за цел да ги инспирира жените од работничката класа. Таа беше иницирана во 1936 година од страна на Лусија Санчез Саорнил, Мерцедес Комапосада и Ампаро Пох ѝ Гаскон и имаше околу 30.000 членови. Организацијата е врз основа на идејата за двојната борба за женската еманципација и социјалната револуција и според неа и двете цели се подеднакво важни и треба да се постигнуваат во паралела.[1] И покрај кратката револуција, акциите на Mujeres Libres имале големо влијание врз животите на жените во Шпанија.[2]

Социјален контекст[уреди | уреди извор]

Во револуционерна Шпанија во 1930-тите, многу анархистички жени биле разочарани од упорниот сексизам меѓу анархистичките мажи и нивниот маргинализиран статус во движењето, што наводно барало да се укине доминацијата и хиерархијата. Условите за шпанските жени пред Шпанската револуција биле неподносливи, во смисла дека тие би можеле да бидат принудени на договорен брак без нивна согласност и на неомажените жени не им беше дозволено да ги напуштат своите домови без машки придружник. Покрај тоа, условите за работа биле тешки за жените, бидејќи нивните плати се половина од она што го добиле машките работници. Ограничените права кои воопшто биле дозволени за жените биле само за жените од средната и високата класа, а не за работничката класа.

Потекло[уреди | уреди извор]

Лусија Санчез Саорнил, лидер на Mujeres Libres во 1933 година

Основачите на Mujeres Libres сите биле активни во анархистичкото движење, сепак не биле задоволни со начинот на кој движењето се соочи со нивните конкретни проблеми како жени.[3] И покрај нивните повици за еднаквост, нивните машки колеги активисти не ги третирале жените како еднакви. Општиот став е дека: "Сите тие, и покрај тоа колку радикални можат да бидат во кафулињата, синдикатите, па дури и афинитетските групи, изгледа се откажуваат од своите маски како љубители на женското ослободување на вратите на своите домови. Внатре, тие се однесуваат со нивните жени како типични "сопрузи".“[4]

Иако жените биле вклучени во многу од синдикатите и движењата, тие биле малцинство. Тие често биле игнорирани и нивното учеството непризнато.[5] Мажите, генерално, не ги сфаќале сериозно жените во јавни и политички контексти. На состаноците на групите, жените биле исмејувани дури пред да почнат да зборат.[6] Ова се случи и покрај фактот што според официјалниот став на организациите мажите и жените треба да бидат третирани подеднакво и дома и во движењето.[7]

Образование[уреди | уреди извор]

За да ги подготват жените за лидерски улоги во анархистичкото движење, тие организирале училишта, социјални групи и весници само за жени за жените да можат да добијат самодоверба и доверба во своите способности и да комуницираат една со друга за да ја развијат својата политичка свест. Многу од вработените жени во Шпанија биле неписмени и Mujeres Libres се обиде да ги едуцира преку програми, технички ориентирани часови и часови во социјални студии. Училишта исто така беа создадени за обука на медицински сестри за да им помогнат на повредените во итни медицински клиники.[1] Медицинските часови исто така, им обезбедиле на жените информации за сексуалното здравје и пред и пост-натална грижа.[1]

Еднаквост[уреди | уреди извор]

За разлика од други левичарски организации за жените во Шпанија во тоа време, Mujeres Libres биле единствени во тоа што инсистирале да останат автономни од машко-доминираните организации и се бореле за еднаков статус со овие основани анархистички организации. Mujeres Libres исто така поставиле програми за да им помогнат на жените во транзицијата во работната сила, обезбедувајќи ги со потребните вештини.[8] Mujeres исто така обезбеди поддршка за нивната кауза за време на Револуцијата. Освен обезбедувањето на храна за милициите тие обезбедиле и поддршка за жените во милицијата со програми за обука.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 O'Carroll, Aileen. „Mujeres Libres: Women anarchists in the Spanish Revolution“. Workers Solidarity No 54. http://flag.blackened.net/revolt/ws98/ws54_mujeres_libres.html. посет. 27 септември 2005 г. 
  2. Ackelsberg, p. 163
  3. Ackelsberg, p. 87
  4. Kiraline, Lola turbe (1935). La educacion de la mujer. Spain: Tierra y Libertad. стр. 4. 
  5. Ackelsberg, p. 88
  6. Ackelsberg, p. 89
  7. CNT (1936). El Congreso Confederal de Zaragoza. Madrid. стр. 237. 
  8. Ackelsberg, p. 122

Поврзано[уреди | уреди извор]