Доминација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Доминација е надмоќ од страна на една група или индивидуа врз друга група или индивидуа.

Анализата на машката доминација претставува посебен дел од современата феминистичка теорија и сите феминистички теории се создадени за да покажат како може да се укине доминацијата на мажите врз жените. Либералниот феминизам верува дека машката доминација е вкоренета во ирационалните предрасуди и може да биде надмината со рационални аргументи. Марксистичкиот феминизам ја дефинира машката доминација како идеологија според која капиталот е поделен и управува и ќе биде надминат со „културна револуција” заснована на социјалистичка трансформација на економијата. Радикалните феминисти веруваат дека машката доминација е заснована на универзалната контрола од страна на мажите врз телата на жените и нивните сексуални активности, како и раѓањето, која ќе заврши само кога жените ќе достигнат сексуално самоопределување и самоопределување во врска со раѓањето. Социјалистичкиот феминизам тврди дека машката доминација е дел од економски втемеленото општество и неговото укинување бара трансформација на целокупното општество.[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. конс. 2007-06-22.