Прејди на содржината

Move to the Beat

Од Википедија — слободната енциклопедија

Move to the Beat (македонски: Играј во ритамот на Лондон 2012) е името на промотивната кампања на Кока-Кола за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[1] Песната "Anywhere in the World", од Марк Ронсон и Кети Би е "центарот" на кампањата.[1]

Спонзорирана од страна на Кока-Кола, кампањата Move to the Beat црпи инспирација од музиката на Лондон и се надева на поврзување на младите луѓе, претежно тинејџерите, со Олимписките игри.[2] Кампањата била официјално претставена во септември 2011 година.[3] Пет спортисти, избрани да ги изразат "вредностите на позитивност и оптизизам кои се во срцето на Кока-Кола и на олимпиското движење", ќе бидат амбасадори на Move to the Beat кампањата. Амбасадори на кампањата се теквондиската Марија Еспиноза (23 години), Сингапурскиот стреличар Дајан Џафар (17 години), Британскиот натпреварувач во пинг-понг Дариус Најт (21 година), Американскиот спринтер Дејвид Оливер (29 години), и Руската спринтерка Ксенија Вдовина (24 години).[2]

  1. 1,0 1,1 „Coca-Cola Launches Anywhere In The World, The Coca-Cola Anthem for the London 2012 Olympic Games“. Coca-Cola. 16 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-20. Посетено на 25 мај 2012.
  2. 2,0 2,1 „Katy B & Mark Ronson 'Move To The Beat' Coca Cola 2012 Olympic Games Single“. Pyro. 29 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-02-20. Посетено на 9 декември 2011.
  3. „Coca-Cola Invites Teens Around the World to "Move to the Beat" of London 2012 with Award-Winning Producer Mark Ronson“. Coca-Cola. 29 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-15. Посетено на 9 декември 2011.