IJ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лого на Државниот музеј во Амстердам, каде е употребена буквата.

IJ (мала буква ij) — диграф, составен од латиничните букви i и j. Диграфот се користи во холандскиот јазик. Понекогаш диграфот се смета лигатура или за посебна буква. Во повеќето фонтови каде се сретнува буквата, графемите не се споени, туку одделени.

Диграфот ij во пишаниот холандски се користи за дифтонгот [ɛi][1] што на македонски се предава со еј. Во стандардниот холандски, и во повеќето холандски дијалекти, има две можни графички прикази за дифтонгот: ij и ei. Ова причинува забуна за децата кои го изучуваат јазикот. IJ често го нарекуваат lange ij (долго ij), а ei како korte ei (кратко еi).[2] Првично, диграфот означувал долга и.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Booij, GE (1995), The Phonology of Dutch (Google Books), Oxford University Press, стр. 4 .
  2. Woordenlijst Nederlandse Taal (на Dutch), стр. 22–23 [[Category:]].
  3. „Lange ij (oorsprong)“. Advies. Onze taal. http://www.onzetaal.nl/advies/ontstaanij.php. 

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Pemberton, Steven, "An Englishman's Difficulties with the Dutch", Spelling, NL: CWI .
  • Horlings, Andreas K, "De lange IJ bestaat niet", Geo cities (на Dutch), Yahoo!, Архивирано од оригиналот на Oct 25, 2009 [[Category:]].
  • Harmsen, R, "The Dutch "letter" IJ", Linguistics, Rudhar .
  • Hildebrandt, Marie (1915), "A is een aapje, dat eet uit zijn poot", Moeder de Gans. Baker- en kinderrijmpjes, Amsterdam: Van Holkema & Warendorf  z.j.