Прејди на содржината

Half-Life 2: Episode Three

Од Википедија — слободната енциклопедија

Half Life 2: Episode Three е игра на Valve и продолжение на трилогијата Hаlf-Life 2. Оваа игра треба да излезе некаде во 2009 или 2010. Дејството ќе се случува на Северниот Пол каде е заглавен бродот "Borealis". Гордон Фримен продолжува со мисија да го уништи тој брод и да ја врати назад Џудит Мосман. Комбајн војниците веќе се повлечени, но сѐ уште ги има во помал број од претходните епизоди. Гордон ќе стигне и до уништената станица на Aperture science, поранешниот соперник на Black Mesa research facility.

Рана приказна

[уреди | уреди извор]

Како и сите други епизоди на Half Life 2, Episode Three ќе ги следи авантурите на Гордон Фримен и Алекс Венс. Поголем дел од настаните во оваа епизода ќе се одвива на далечниот север, најверојатно под Арктички услови. После убиството на Илај Венс, таткото на Алекс Венс, Алекс и Гордон ќе отидат на Арктикот со цел да го уништат најголемиот проект на Aperture Science. Тоа е бродот Borealis кој бил изгубен многу години и никој не го пронашол сè до доаѓањето на војската на Комбинираните на Земјата. За овој брод се верувудало дека е само измислена приказна на Aperture Science, но откако порталот на комбинираните ќе биде затворен тие ќе се обидат да отворат нов портал кон нивниот свет преку бродот Borealis. Џудит Мосман во Half Life 2 Episode one испраќа тајна снимка до Алекс Венс додека Алекс и Гордон се во Цитаделата. Во таа снимка има тајни податоци за координатите на бродот Borealis. Гордон и Алекс најверојатно ќе ги пронајдат разрушените лаборатории на Aperture Science. Илај Венс на Гордон му порача да го уништи бродот пред да се отвори новиот портал и да се повтори инцидентот од Black Mesa, но д-р Исак Клајнер сметаше дека тој брод може да се искористи против Комбинираните. Останува на Гордон да одлучи што ќе прави со бродот. Можно е во оваа епизода да ги сретниме и женските Комбинирани војници кои се поопасни и имаат поголем боречки потенцијал.