Гордон Фримен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гордон Фримен

Гордон Фримен (англиски: Gordon Freeman) е измислен и главен лик во сериите на игри Half-Life. Тој е теоретски физичар кој се наоѓа во борба за прежувување против вонземјански и човечки сили. Низ сериите, Гордон мора да се снаоѓа сам во секакви опасни ситуации. Гордон како човек никогаш не збори, а во игрите нема отсечени сцени од играта и брифинг, се се гледа од очите на Гордон. Исто така низ скоро цела игра Гордон е контролиран од страна на играчот.

Ликот е претставен теоретски физичар, кој работи во научната институцја „Блек Меса“ (англ. Black Mesa Research Facility) и е вклучен во еден експеримент кој случајно отвара една интердимензионална порта, која внесува вонземјани во институцијата. Во првата Халф-Лајф, Гордон Фримен се бори со неговите колеги во институцјата против вонземјаните и против специјалците кој се пратени да ја уништат институцијата и да убијат секого во неа. Во Hаlf-Life 2 Гордон е претставен некаде во Источна Европа години после инцидентот во Блек Меса, заедно со „Алијансата“ (Combine), интердимензионална империја која ги преземала сите интердимензионални порти и имаат целосна контрола врз планета Земја. Гордон им се придружува на отпорот и заедно се борат за слобода.

Концепт и креација[уреди | уреди извор]

Името „Гордон Фримен“ го исмислил директорот на компнијата „Валв“ која ги прави "Half-Life" игрите Гејб Њувел додека раговарал со Марк Леидлу во неговиот автомобил. Името било слично на физичарот Фримен Дајсон. Леидлувата идеа била Дајсон Поинкар. Њувел не се сложувал со него бидејки го имало презимето нз Хенри Поинкар. Накрај тие се сложиле да му го дадат неговото име.

Лицето на Фримен е правено по лицата на четири луѓе. Најраниот модел на Фримен бил наречен „Иван вселенскиот моторист“. Тој имал подолга брада, немал очила и имал бел костум.

Позадина[уреди | уреди извор]

За време на инцидентот во институцијата Блек Меса, Фримен имал 27 години. Тој не зависи од никого и има завршено на факултетот МИТ, и титула Ph.D во теоретската физика. Тој живеел во Сиетл, Вашингтон и тој покажал интерест кон квантната механика и релативитетот од мали нозе. Неговите омилени херои биле Алберт Ајнштајн, Стивен Хокинг и Ричард Фејнмен. Откако почнал да ги набљудува сериите на експерименти со телепортирање, во Институтот за ескпериментална физика во Инсбрук, Австрија, тоа му станало опсесија и почнала да работи на технологијата со телепортирање. Но тој набргу и се враќа повторно на квантната механика и се вработува во Институцијата Блек Меса кај МИТ инжинерот Др. Клајнер.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]