Dirty Diana

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Dirty Diana“
220px-Michael Jackson - Dirty Diana.png
Сингл од Мајкл Џексон
Издаден 18 Април, 1988
Текстописец Мајкл Џексон
Формат Компакт диск, грамофонска плоча
Снимен 1988
Жанр Хард рок
Должина 4:52(оргинална верзија)
Продуцент Мајкл Џексон, Квинси Џонс
Хронологија на синглови на Мајкл Џексон
„Man In the Mirror“ (1988) „Dirty Diana“ (1988) „Another Part of Me“ (1988)

„Dirty Diana“ е песна на американскиот текстописец и пејач Мајкл Џексон од неговиот седми студиски албум „Bad“. Песната ја издаде Епик рекордс на 18 Април 1988 како петти сингл од споменатиот албум. Продуценти на песната биле Квинси Џонс и Џексон, кој и ја напишал. Текстот на песната говори за група на девојки а композицијата е од умерено темпо. „Dirty Diana“ генерално добила позитивни критики. Песната исто така била комерцијално успешна ширум светот во 1988 година и завзема прво место на америчкиот „Билборд хот 100“ листа и се наоѓа меѓу десетте најдобри во Обединетото Кралство, Франција, Италија и Нов Зеланд. „Dirty Diana“ е петти и последен број еден сингл од албумот „Bad“ на врвот на „Билборд хот 100“ листата, после смртта на Џексон песната повторно се најде на топ-листите. Музичкиот спот е снимен во текот на еден од концертите на Џексон и е издаден во 1988.