Death (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Death
Death во Мексико Сити (јуни 1989 год.)
Биографски податоци
Потекло Орландо, Флорида, САД
Жанрови дет метал
технички дет метал
Период на активност 1983-1999
Издавачи Combat Records
Relativity Records
Roadrunner Records
Nuclear Blast
Мреж. место Официјална веб страница

Death е еден од највлијателните и најзначајните дет метал бендови оформен во 1983 и растурен во 1999.[1] Чак Шулдинер (гитара/вокал) е основач на бендот и на стилот дет метал воопшто.[2] Првиот албум на групата е Scream Bloody Gore (1987), од критиката ословен како „првиот вистински“ дет метал албум.[3] Чак Шулдинер е единствениот кој што бил во групата од почетокот до крајот. Death исто така важи за комерцијално најуспешната група од својот жанр, со продадени околу 2 милиони плочи на глобално ниво.[4] Во САД нивната бројка изнесува 370 илјади продадени албуми.[5]

Биографија[уреди | уреди извор]

Историјат (1983-2001)[уреди | уреди извор]

Бендот е оформен во 1983 година од страна на 16 годишниот Чак Шулдинер и првично бил наречен Mantas. 1984 било снимено првото демо наречено Death By Metal и бендот бил преименуван во Death. Кон крајот на годината излегува уште едно демо наречено Reign Of Terror составено од 5 песни. Во 1985 е снимено Infernal Death кое содржело 3 песни. Во 1986 повторно излегува ново демо Mutilation кое содржи 3 песни. 1987 конечно бендот живнува и го снима првиот албум Scream Bloody Gore поддржан од продукциската куќа Комбат Рекордс. За време на албумот бендот бил составен само од Чак Шулдинер (гитари/бас/вокал) и Крис Рајферт (тапани). Истата година, малку подоцна доаѓаат Рик Роз (гитара), Тери Батлер (бас гитара), и Бил Ендрус (тапани).

1988 се спремаат и го снимаат вториот албум Leprosy со истата постава. 1989 ја минале на турнеја низ Европа заедно со бендот Gangreen, а во 1990 го снимиле третиот албум Spiritual Healing, но точно пред излегувањето на албумот, гитаристот Роз го напуштил бендот и бил заменет од Џејмс Марфи, а за време на турнејата пак дошол Алберт Гонзалес на негово место, за на крајот и тој да биде заменет од Пол Масвидал, член на групата Cynic.

1991 со нови промени во поставата пристапил и тапанарот на Cynic, Шон Рајнерт и Стив Диџорџио на бас од треш групата Sadus и го снимиле албумот Human, како и првиот спот за песната „Lack Of Comprehension“. Започнува и турнејата „Inhuman“ заедно со Cannibal Corpse, Pestilence, Napalm Death и Dismember. 1992 е издаден компилациски албум Fate. Во 1993 следи нов албум Individual Through Pattern, а заедно со албумот е направен и вториот спот и тоа за песната „The Philosopher“. 1995 Чак потпишал договор со Роудранер Рекордс и излегла плочата Symbolic. 1996 Чак оформува уште еден бенд Control Denied и го снимаат првото демо составено од 4 песни.

Во 1998 последниот албум Sound Of Perseverance е издаден од продукциската куќа Nuclear Blast, која подоцна во 2001 година ги издава двата албуми во живо Live In L.A. и Live In Eindhoven. Control Denied го издаваат нивниот прв и последен албум во 1999 The Fragile Art Of Existence. Подоцна истата година Чак открива за неговата болест, тумор на мозокот и во 2000 започнува да спрема материјал за новиот албум на Control Denied, When Man And Maschine Collide, но болеста го победила и Чак умира на 13 декември 2001.[6]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми
  • Scream Bloody Gore (1987)
  • Leprosy (1988)
  • Spiritual Healing (1990)
  • Human (1991)
  • Individual Thought Patterns (1993)
  • Symbolic (1995)
  • The Sound of Perseverance (1998)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mancini, R. Death Frontman Chuck Schuldiner Dies, MTV.com, 18 декември, 2001 (проверено на 7 август, 2008)
  2. Allmusic.com Death Biography
  3. Aldis, N. & Sherry, J. Heavy Metal Thunder, 2006, San Francisco: Chronicle ISBN 0-8118-5353-5
  4. според Nielsen SoundScan (проверено на 11 декември, 2009)
  5. It's Official: CANNIBAL CORPSE Are The Top-Selling Death Metal Band Of The SoundScan Era Blabbermouth.net (објавено на 17 ноември 2003 - проверено на 8 јули 2013)
  6. Grayson, M. Perry Precious Memories of Chuck Schuldiner, EmptyWords.org, 2001 (проверено на 21 јуни, 2009)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]