Африкански крокодил
Африкански крокодил | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Crocodilia |
Семејство: | Crocodylidae |
Потсемејство: | Crocodylinae |
Род: | Crocodylus |
Вид: | C. cataphractus |
Научен назив | |
Crocodylus cataphractus Cuvier, 1825 | |
Распространетост | |
Синоними | |
Mecistops cataphractus |
Африканскиот крокодил (Crocodylus cataphractus), наречен и тенкомуцест крокодил, е вид крокодил кој спаѓа во родот Crocodylus. Според последните истражувања на морфологијата и ДНК на овој вид, се отвора можноста дека припаѓа на посебен род именуван Mecistops[2]. Сепак сѐ уште се користи класификацијата во Crocodylus за африканскиот крокодил[3][4][5][6][7] и дека треба да биде поделен на два вида.[8]
Опис
[уреди | уреди извор]Африканскиот крокодил живее во слатките води во централна и западна Африка. Тие се крокодили со средна големина и растат околу 3-4 метри во должина. Има карактеристична тенка муцка, според која и го добил името. Најчесто овие крокодили се хранат до риби, ракови и водоземци.
Однесување
[уреди | уреди извор]Овој вид не живее во групи, освен за време на сезоната на парење. Сезоната на парење на африканскиот крокодил почнува за време на дождовната сезона. Женката го гради гнездото, кое има форма на насип и е составено од растителен материјал. Најчесто овие гнезда се изградени на брегот на реката. Јајцата имаат долг период на инкубација споредено со останатите видови на крокодили, и изнесува дури и до 110 дена. Африканскиот крокодил во просек положува околу 16 јајца (минимум 13, максимум 27). Женката останува блиску до гнездото за време на целиот период на инкубација, но не го брани така жестоко како останатите видови на крокодили. Кога младите крокодили ќе почнат да излегуваат од јајцата, тие испуштаат специфични звуци со кои ја повикуваат маката која го отвора гнездото и им помага при излегувањето од јајцата.
Статус
[уреди | уреди извор]За овој вид не се знае многу и направени се само неколку проучувања на дивата популација. Според извештај од 2014, се смета за критичнозагрозен вид и се чини дека целосно исчезнал од некои земји каде порано бил присутен а во други, популацијата се намалува.[9] Сепак, иако загрозен, доста голема популација е забележана во централниот дел на Африка особено во Габон. За разлика оттаму, многу ретко се среќава во Западна Африка каде скоро и да исчезнал. Заканите се ловот (главно заради кожата), загуба на живеалиштето, немање храна (главно се храни со риби). Не се знае со сигурност колкава е неговата населеност во дивината, но се проценува помеѓу 1,000 до 20,000. Крокодили од овој вид се среќаваат во повеќе зоолошки градини во Европа и САД.
Таксономија
[уреди | уреди извор]Традиционално сместен во родот Crocodylus,проучувањата на DNA и морфологијата покажаа дека може да постојат два вида Mecistops. Генетски докази објавени во 2014 сугерираат дека овој крокодил ги бележи видовите Mecistops cataphractus (Централна Африка) и видот кој е присутен во Западна Африка, кој сè уште не е именуван.
Галерија
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- crocodilian.com: Crocodylus / Mecistops cataphractus Архивирано на 5 јануари 2016 г. (англиски)
- Crocodylus cataphractus(англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Crocodile Specialist Group (2014). „Mecistops cataphractus“. IUCN Red List. Version 2015.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 18 January 2016.
- ↑ McAliley, Willis, Ray, White, Brochu & Densmore (2006). Are crocodiles really monophyletic?—Evidence for subdivisions from sequence and morphological data. Molecular Phylogenetics and Evolution 39: 16-32.
- ↑ Crocodylus cataphractus. CROCODILIANS Natural History & Conservation. Accessed 2008-06-28
- ↑ McAliley, Willis, Ray, White, Brochu & Densmore (2006). Are crocodiles really monophyletic?—Evidence for subdivisions from sequence and morphological data. Molecular Phylogenetics and Evolution 39: 16–32.
- ↑ Brochu, C. A.; Njau, J.; Blumenschine, R. J.; Densmore, L. D. (2010). „A New Horned Crocodile from the Plio-Pleistocene Hominid Sites at Olduvai Gorge, Tanzania“. PLoS ONE. 5 (2): e9333. doi:10.1371/journal.pone.0009333. PMC 2827537. PMID 20195356.
- ↑ Robert W. Meredith; Evon R. Hekkala; George Amato & John Gatesy (2011). „A phylogenetic hypothesis for Crocodylus (Crocodylia) based on mitochondrial DNA: Evidence for a trans-Atlantic voyage from Africa to the New World“. Molecular Phylogenetics and Evolution. 60: 183–191. doi:10.1016/j.ympev.2011.03.026. PMID 21459152.
- ↑ Brochu, C. A.; Storrs, G. W. (2012). „A giant crocodile from the Plio-Pleistocene of Kenya, the phylogenetic relationships of Neogene African crocodylines, and the antiquity of Crocodylus in Africa“. Journal of Vertebrate Paleontology. 32 (3): 587. doi:10.1080/02724634.2012.652324.
- ↑ Shirley; Vliet; Carr; and Austin (2014). „Rigorous approaches to species delimitation have significant implications for African crocodilian systematics and conservation“. Proceedings of the Royal Society B. 281 (1776). doi:10.1098/rspb.2013.2483.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ IUCN2015.1 Crocodile Specialist Group (2014) „Mecistops cataphractus“ 18 January 2016
- „Crocodylus cataphractus“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 24 ноември 2007. Listed as Data Deficient
|