Children of Bodom

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Children of Bodom во 2007 година

Children of Bodom е мелодичен дед метал бенд (англ.melodic death metal band)од Еспу, Финска. Формиранво 1993 година, бендот сега се состои од Алекси Лаихо (вокал, водечкагитара), Рупи Латвала (ритамгитара), Џен Вирман (клавијатура), Хенка Сепала (бас), и Јаска Ратикенен (тапани). Воцелост, тие имаат издадено 8 студиски албуми, два албума во живо, два долготражни албуми, два компилациски албуми и еден ДВД албум. Третиот студиски албум, Follow the Reaper, беше нивниот прв албум со кој се стекнаа со Златно уверение во Финска, и оттогаш, сите од седумте студиски албуми на бендот го достигнаа истиот статус. Во Финска, Children of Bodom има издадено 3 албуми еден по друг кои се искачија на број еден на Финската албумска листа, и исто така зазедоа место на листата на Билборд 200 во Соединетите Американски Држави. Бендот спои повеќе различни музички видови, водејќи ги критичарите и фановите да ги обележат како melodic death metal, power metal, thrash metal, и ран symphonic black metal и neoclassical metal. Тие се едни од најдобро продаваните Фински артисти на сите времиња со продадени повеќе од 250,000 снимки. Тие се познати како ‘’Кралеви на Melodeth’’.

Историја[уреди | уреди извор]

Chidlren of Bodom е формиран во 1993 година од гитаристот Алекси ‘’Лудо дете’’ Лаихо и тапанарот Јаска Ратикенен под името Inearthed. Двајцата музичари се знаат себеси од рани години и делеа исти интереси за хеви метал, посебно дед метал бендови, како што се Dissection, Entombed и Obituary. Басистот Самули Митинен го комплетира првиот состав на бендот. Inearthed го сними својот прв демо албум, Implosion of Heaven, во август истата година.Самули беше главниот составучат на текстовите на бендот за време на двегодишното учество во Inearthed, но неговото семејство се пресели во Соединетите Држави во 1995, правејќи му ја работата во бендот невозможна. Неговиот последен придонес за Inearthed беше текстот на песните од нивниот втор демо албум, Ubiquitous Absence of Remission што им овозможи за прв пат да работат со продуцентот Анси Кипо во студиото Астиа (Лапинранта, Финска). Во ова демо, клавијатурата беше вклучена за прв пат. Со цел да се постигне ова, Лаихо и Ратикенен, свиреа клавијатура одделно, и подоцна ја измешаа снимената песна со другите инструменти. Лаихо, кој пред тоа само ги компонираше мелодиите на песните, ја доби улогата лиричар на бендот. Во тоа време, Ратикенен свиреше Француска сирена во голем локален бенд, и за време на една проба тој го запозна Александар Купала, свирач на труба и вешт гитарист. Кратко после сниманњето на второто демо, Купала беше поканет да се придружи во Inearthed како ритам гитарист. Басистот кој тие го избраа за да го замени Самули беше Хенка ‘’Blacksmith’’ Сепала, кој Лаихо и Ратикенен го знаеја уште од школските денови. Освен што свири бас, Сепала често се поистоветува како придружен вокал на бендот. Исто така, бендот привлече еден музичар да се усоврши на клавијатура, чие име беше Јани Пирисјоки. И двајцата се придружија во Inearthed во раната 1996. Со овој нов состав, Inearthed продолжи да го снима нивниот трет демо албум, со име Shining. Овој демо албумот не ги импресионира издавачките куќи повеќе од претходните, и никој не се заинтересира за бендот. И покрај нивните напори, нивната музика беше многу малку изложувана и се свиреше само на домашни настани. Како последно решение, бендот одлучи да сними самостоен, само финансиран албум. Наслонувајќи се на тоа дека ниеден од музичарите немаше пари за да започне, тоа беше смел потег. Лаихо сакал да го направи користењето на клавијатурата поефикасно, но Пирисјоки не одел на проби. Затоа, беше отпуштен и заменет од пријателот на Ратикенен, џез пијанистот Џен ‘’Варман’’ Вирман. Вирман беше делот кој претходно му недостасуваше на Inearthed. Неговото присуство му овозможи на бендот да го разгледа видот што подоцна ќе ги окарактеризира Children of Bodom. Со Вирман, бендот успешно го сними нивниот прв албум во 1997 година. Нивниот почетен албум, Something Wild, требаше да биде издаден од една мала Белгиска издавачка куќа, Shuver Records, но пратечкиот вокал Сами Тенец (од Thy Serpent) барал копија од Купала за нивниот албум. Двајцата во исто време работеа за една иста компанија. Веднаш штом Inearthed го потпиша договорот, шефот на Spinefarm Records стана заинтересиран да ги покаже на целиот свет. Последниотдоговотбешепопривлечензабендот, порадитоаштоБелгискатаиздавачкакуќанеимнудешемногупомош, доточкаштотиеморалесамидагоделат и дагопродавааталбумот. Од бендот беше побарано да измислат ново име за да можат да се вклучат во Spinefarm Records. Договорот во Shiver Records веќе беше потпишан под името Inearthed. Одговорот за овој проблем го најдоа со тоа што погледнаа во телефонскиот именик. Кога се препнаа од името Lake Bodom, сфатија дека е влијателно име и дека зад него стои интересна приказна. Оттогаш вклучувајќи го зборот Bodom, се направија многу можности, и го основаа Children of Bodom. Името на бендот потекнува од убиствата на езерото Бодом.

Something Wild (1997—1998)[уреди | уреди извор]

Something Wild беше изработен, снимен и измешан од Анси Кипо и Children of Bodom во студиото Астиа (Лапинранта, Финска). Со цел да го промовираат нивниот бенд, тие отворија шоу за Dimmu Borgir во 1997 година. Нивниот успех беше добар што претставувач од издавачката куќа Nuclear Blast набрзо им го претстави договорот за издавање во Европа, договор што започна наредната година. Something Wild беше официјално издаден во ноември 1997 година, и за добра премиера бендот сними видео за песната ‘’Deadnight Warrior’’. Видеото беше режирано од Мика Линдберг и имаше мал буџет од 1000 евра. Беше искористен едноставен декор, кој воглавно се состоеше од локации во природа после снежна бура. Бендот свиреше по неколку часа на вечер, со просечна температура од -15 Целзиусови степени. Иако Лаихо е голем критичар за сета музика која ја има напишано, тој кажува дека од сите негови албуми најмногу не го сака албумот Something Wild. Кога се снимаше овој албум, Лаихо се обидуваше да го имитира стилот на еден од неговите колеги, Ингви Малмсин, што е причината Something Wild да се смета за еден од најтехничките албуми кои Children of Bodom ги има изработено. И покрај ова, тој се’ уште смета дека тоа е нивниот‘’најважен’’ запис, кој ги направи ‘’познати’’. Првата турнеја на Children of Bodom започна во февруари 1998. Свиреа со бендови како што се Hypocrisy (на фестивали како што е Under the Black Sun), The Kovenant и Agathodaimon, но страдаа заради отсуството на Вирман, кој беше сконцентриран да го заврши своето студирање. За време на турнејата тој беше заменет од пијанистот Ерна Сикавирта. По неколку месеци, бендот сними две нови песни во студиото Астиа со продууцентот Анси Кипо, наречени ‘’Towards Dead End’’, и ‘’Children of Bodom’’. Последната беше вклучена во компилацијата од страна на Spinefarm Records, која после нејзиното издавање непрекинато остана на врвот на Финската листа за цели 8 недели. Кон крајот на август, бендот ја свиреше за прв пат во живо песната ‘’Forevermore’’ за време на една емисија во Русија. Оваа песна подоцна беше именувана како ‘’Downfall’’. Нивната следна Европска турнеја се случи во септември истата година, но уште еднаш Вирман не беше способен да свири со нив. Тогашната девојка на Лаихо, Кимберли Гос (од Sinergy и некогаш во Dimmu Borgir, Ancient и Therion) ја превзеде клавијатурата. Кон крајот на турнејата, Кимберли го покани Лаихо да се придружи на Sinergy, кои во тоа време се’ уште беа во нивните почетни фази.

Hatebreeder (1998–2000)[уреди | уреди извор]

Вториот албум, Hatebreeded, беше снимен помеѓу крајот на 1998 и почетокот на 1999 од Анси Кипо во студиото Астиа (Лапинранта, Финска). Оригинално беше именуван како Towards Dead End, но додека беа во студиото членовите на бендот дадоа опции за сегашното име. За да створат очекувања во Финска, песната ‘’Downfall’’ беше издадена две недели пред да се издаде албумот. Беше придружувана од ново музичко видео, уште еднаш режирано од Мика Линдбер. Hatebreeder конечно се искачи на листите на многу Европски земји. Во јули 1999, успехот на песната ‘’Downfall’’ и Hatedreeder им овозможи на Children of Bodom да закажат три концерти со Sinergy и In Flames во Јапонија. За време на два од овие три концерта беше сниман албумот во живо, Tokyo Warhearts. Во него бендот успеа беспрекорно одново да ги создаде и навреме да ги подобри нивните песни. Ова беше видливо достигнување за бенд со само два претходно снимени албуми. Под нивно барање, не беа користени никакви насминувања за нивниот концерт.

Follow the Reaper (2000–2002)[уреди | уреди извор]

За нивното следно издавање, Children of Bodom одлучија да го искористат студиото Абис на Петар Тагтгрен во Шведска наместо Финското студио Астиа на Анси Кипо каде што претходно ги снимија нивните издавања вклучувајќи го и демото од Inearthed. Бендот сними 8 нови песни за овој албум. Додека беа во студиото, тие се одлучија да стават плус песна која беше компонирана многу брзо и текстот беше оформан од Лаихо; таа песна на крајот ќе го добие името ‘’Kissing the Shadows’’. Бендот го крсти албумот ‘’Follow the Reaper’’ и сесиите на снимање се одвиваа помеѓу август и септември 2000 година; албумот се прослави со светска премиера во доцнежната 2000 година. Музичко видео за ‘’Everytime I Die’’ набрзо беше снимено од Финскиот режисер Тука Темонен. Во февруари 2002, Children of Bodom почнаа да пишуваат песни за нивниот албум што следува, наречен Hate Crew Deathroll. Се вратија во студиото Астиа (Лапинранта, Финска) повторно да работат со продуцентот Анси Кипо. Сесијата продолжи во август и септември, и албумот беше издаден во јануари 2003 во Финска. Остана на врвот на Финската топ листа цели 3 недели и подоцна стана златниот албум на бендот. На крајот сите албуми на бендот го достигнаа овој статус и Follow the Reaper достигна платинска плоча. На 3 јануари, 2003 година, во Клубот Тавастиа во Хелсински беше оддржана Финската Награда за Метал Музика. Гласањето беше отворено за сите фанови на метал музиката и беше објавена преку различни медиуми кои работеа со организаторите на настанот. Children of Bodom беа наградени за Фински бенд на годината.[1] Првата светска турнеја на Children of Bodom започна во 2003 година и траеше до 2004 година. Турата имаше многу продадени концерти и го обележа зајакнувањето на бендот во Северна Америка, но придружувана од една неочекувана изјава: Купала на среде турнеја одлучи да го напушти бендот заради лични причини без притоа да ги предупреди. Во едно интервју, кога го прашаа Лиахо, зошто Купала го напушти бендот, тој изјави дека, ‘’Па, се трудам да внимавам на тоа што ќе кажам за него, затоа што помеѓу нас нема никакви проблеми. Ми рече дека му се смачило да патува и целиот рок ен рол (англ. Rock ‘n roll) животен стил на бендот, живеењето во хотели и автобуси и различни ствари. Ми беше чудно заради тоа што тој беше секогаш оној кој го привлекувааовие работи! Тој беше посветен рок еднд ролер (англ.Rock’n roller) и наеднаш направи 180 степено свртување во неговиот живот. Оваа ситуација вовлекува нова девојка.[2] Гитаристот на Грифин, Кај Нергард беше поканет од Лаихо да го замени Купала, но тој не ја прифати понудата. Затоа, пријателот на Алекси од бендот Sinergy, Руп Латвала (пронаоѓач на Stone, еден од бендовите кои го започнаа движењето на хеви металот (англ.heavy metal) во Финска) ја превзеде гитарата како студиски свирач, се додека не биде најдено некое подобро решение. Овој состав беше претставен на 16 август во Москва.

Are You Dead Yet? (2004–2007)[уреди | уреди извор]

Откако успешно ја завршија светската турнеја со Латвала – кој дотогаш држеше постојана позиција во составот на бендот – Children of Bodom продолжија со снимањето и издавањето на Ep Trashed, Lost & Strungout и песната ‘’In Your Face’’, кој содржеше песни од нивниот албум што следува и пародија на песната ‘’Oops!... I Did it Again’’ од Бритни Спирс. Во доцнежната 2005, беше издаден албумот Are You Dead Yet? оформувајќи многу поразличен стил од тоа што бендот го беше направил во претходните албуми. Поедноставни и потешки рифови на гитара беа вмешани во звукот на Children of Bodom, како и елементи од индустријал – музиката. Реакциите на фановите кога излезе албумот беа разновидни; меѓутоа албумот им донесе многу пари. Имаше добар статус во Финска и го достигна првото место на Финската топ листа, 16то место во Германија, 16то во Шведска и 17то во Јапонија. Следното издавање од бендот беше ДВД од песната ‘’In Your Face’’, што го вклучуваше и музичкото видео, снимки од задзавесите на бендот и снимка во живо на песната ‘’Sixpounder’’ на Фестивалот во Вакен(Wacken Open Air, скратено W:O:A) во 2004 година. Во јуни, Children of Bodom се најдоа пред 120,000 гледачи, еден од нивните најголеми концерти на последниот концерт од Bohse Onkelz. На ДВДто од концертот, беа повикани Vaya Con Dioz, а Children of Bodom беа презентирани со песната ‘’Everytime I Die’’. Постер од бендот може да видиме во телевизиската програма ИМЗ:Њу Јорк, во епизодата ‘’Заглавен на тебе’’. ДВДто во живо, Chaos Ridden Years - Stockholm Knockout Live на Children of Bodom беше издаден на 5ти декември, 2006та година. Содржи снимка од концертот во живо во Стокхолм, Шведска од 5 февруари, 2006 година, со повеќе од 90 минути снимка во живо. "Chaos Ridden Years" се осврнува на документарец проследен со интервјуа од членовите на бендот за историјата на бендот и снимки од турнеја. Исто така ги содржи сите официјални музички видеа кои Children of Bodom ги имат направено, освен ‘’Neddled 24/7’’. Гитаристот Лаихо беше изгласан за најдобриот гитарист за 2006 година од страна на списанието Metal Hummer. Во јуни 2006 година, бендот започна со една од нивните најголеми турнеи: турнејата The Unholy Alliance, свирејќи покрај Slayer, Lamb of God, Mastodon, In Flames и Thine Eyes Bleed. Бендот замина на турнеја во Соединетите Држави во јуни и јули и Европа во октомври и ноември. На 31 јануари, 2007 година, Лаихо ја пресече патеката во кугларница откатко несакајќи стапна на местото за слободни фрлања. Силно се удри во ѕидот, и си го скрши левото рамо. Ова го остави него неспосебен да свири гитара 6 недели. Поради на оваа несреќа, Children of Bodom беа принудени да ги откажат првите турнеи во 2007 година и еден фестивал на кој требаа да одат. На 31 март, 2007, веб-страницата на бендот објави информации за состојбата на Лаихо, изјавувајќи дека повредата на Лаихо која нема сосема да помине, повеќе не ја спречува можноста тој да свири гитара. Истата изјава кажува дека бендот веќе напишал некои песни за новиот албум и дека ќе започнат со снимање малку подоцна во 2007 година.[3] Children of Bodom беа избрани да ги заменат Velvet Revolver на фестивалот Monsters of Rock, свирејќи на иста сцена со Ози Озборн и Megadeth.

Blooddrunk (2007–2009)[уреди | уреди извор]

Од октомври до декември 2007 година, Children of Bodom го снимија нивниот 6ти албум, наречен Blooddrunk, кој беше издаден на 15 април, 2008 година.[4] Албумот содржеше 10 песни, вклучувајќи преработка на ‘’Ghost Rideres in the Sky’’. Children of Bodom беа оформени на Gingatour 2008 турнја во Северна Америка со Megadeth, In Flames, Job for a Cowboy and High on Fire. Children of Bodom беа едни од првите кои беа потврдени за Фестивалот во Вакен (Wacken Open Air, скратено W:O:A) во 2008, каде свиреа покрај многу бендови, вклучувајќи ги Iron Maiden, Sonata Arctica и Avantasia. Children of Bodom свиреа на Фестивалот Download во Данингтон на 15 јуни, свирејќи нови и стари песни. На 8 март, 2008, Children of Bodom отидоа на нивниот прв настан во Велика Британија во музичката продавница Зави на Улицата Оксфорд, во Лондон. Потпишуваа копии на ЦД од нивниот нов сингл ‘’Blooddrunk’’, 7 инчи и 12 инчи пластика, само 666 копии од 12 инчи беа направени. На 26 јуни 2008 година, Children of Bodom го оддржаа нивниот прв настап во Окланд, Нов Зеланд со поддршката од локални сценски изведувачи, Dawn of Azazel и Substract at the Transmission Room. Во 2008 година, првите 3 студиски албуми на Children of Bodom, како и Tokyo Warhearts, беа поново создадени и поново издадени со бонус песни. Во септември и октомври 2008 година, бендот замина на турнеја во САД поддржувајќи го Blooddrunk со помошта на The Black Dahlia Murder и Between the Buried and Me. Testament се појави како гостин во главната поддршка за отварањето на датата на турнејата во Њујорк. Во ноември и декември 2008, бендот отиде на турнеја во Европа, поддржувајќи ги Slipknot и Machine Head. Кон крајот на јануари и почетокот на март 2009 година, бендот исто така учествуваше на Европската турнеја со Cannibal Corpse соотварањето на Diablo за нив. На 2 април, 2009 година, Children of Bodom се впушта во турнејата No Fear Energy предводена од Lamb of God со главна поддршка од As I Lay Dying и тие самите, и сцена со God Forbid и Municipal Waste, но за жал мораа да се откажат една недела пред да заврши турнејата поради сериозната повреда од која настрада Лаихо откатко падна од врвто на турнејски автобус на 26 април, 2009 година, после настапот во Palladium Ballroom, Dallas, Texas. Како додаток на повредата, на 8 мај, 2009 година, во Roseland Ballroom во Њујорк, Алекси и Children of Bodom беа принудени да се откажат од свирењето на некои од нивните песни поради претходната повреда на Алекси. Лаихо првично планираше да продолжи со турнејата и покрај неговата повреда, но беше принуден да ги откаже последните 6 дати кога неколкуте обиди да ја избегне болката пропаднаа. Сите закажувања за летото поминаа според планираното и не беа зафатени од повредата Алекси.[5][6]

Во февруари 2009 година, Children of Bodom планираше да издаде албум со преработка наречен Skeletons in the Closet, кој беше издаден на 23 септември, 2009 година. Исто така признаа дека биле ‘’мрзливи’’ кога станувало збор за вежбање и зборуваа за планот да имаат повеќе песни во идните албуми. Бендот започна турнеја во Јужна Америка и Мексико во септември 2009. Поддршка стигна од Amorphis. Исто така во септември и октомври 2009, бендот се врати во Северна Америка да поддржи масивна, едена месечна турнеја. На патувањето поддршката дојде од The Black Dahila Murder и Skeletonwitch, Austrian Death Machine и Holy Grail се појавија како специјални гости во главната поддршка на вториот датум од турнејата во Памона, Калифорнија. На 18 октомври, 2009 година, 4 дена пред да заврши турнејата во Северна Америка во Хонолулу, Хаваи, тие изведуваа во Japan’s Loudpark Festival покрај Megadeth, Judas Priest, Slayer, Anthrax, Rob Zombie & Arch Enemy. Во непосредните 6 дена со нивната изведба во Loudpark Festival, тие оддржаа три настапи во Хонг Конг, Тајван и Кина. Ја завршија нивната двомесечна септемвриска и октомвриска турнеја во Москва, Русија. Ова ја запечати нивната година и половичната Blooddrunkтурнеја.

Skeletons in the Closet (2009–2010)[уреди | уреди извор]

Skeletons in the Closet е покривен албум издаден на 22 септември, 2009 година. Неговите покривни карактеристики се издадени како верзии на претходните албуми, но исто така вклучуваат и нови песни. Музичарите на кои се направени покривките се Suicidal Tendencies, Britney Spears, Alice Cooper, Iron Maiden, Slayer, Andrew WK, and Billy Idol. Претходните цели на официјална страна на Children of Bodom вклучуваше копија од потпишан албум и блуза на куси ракави со дизајнот на албумот. Children of Bodom отворија натпревар со цел да го промовираат нивниот нов албум во кој секој може да добие награди заедно соESP/LTD M-53електрична гитара, црниот каталог на бендот, и Skeletons in the Closet.Натпреварот се одвиваше од 25 август до 21 септември, 2009 година. Победниците беа објавени на 28 септември, 2009 година. Relentless Reckless Forever (2010–2012) Откако заврши турата Blooddrunk, Children of Bodom започнаа да го снимаат нивниот нов албум. За време на снимањето на песните со тапан се појави мало торнадо и струјата се исклучи. Според тоа снимањето се оддолжи се до нивната турнеја со Black Label Society. Children of Bodom објавија информациите за нивните нови песни во магазинот Metal Hammer. Имињата на трите песни кои ги издадоа беа: "Pussyfoot Miss Suicide", "Ugly", and "Was It Worth It?"

Во ноември бендот ја најави турнејата "The Ugly World Tour 2011" која започна од 11 март и ќе датира низ цела Европа. Бендовите кои јаотворија турнејата беа Ensiferum, Machinae Supremacy and Amon Amarth (само за Велика Британија). На 24 ноември беше објавено дека името на албумот ќе биде Relentless Reckless Forever. Албумот беше издаден на 28 март, 2011. Беше снимено музичко видео за "Was It Worth It?", заедно со скејтерот Крис Кол како и добро познатите професионални скејтери Џејми Томас, Гарет Хил и Том Аста. "Was It Worth It?" беше издаден за Guitar Hero: Warriors of Rock на 2 февруари, 2011 за оние кои поседуваат Play Station 3 во Европа како песна која може да се симне, и на 8 февруари, 2011 за распространетиот Xbox 360 и Nintendo Wii, како и сопствениците на PlayStation 3 кои се надвор од Европа. Relentless Reckless Forever беше прогласен за златен (се продадоа нас 10,000 копии) во Финска уште на првиот ден од неговото издавање. Што се однесува за 10 март, се продадоа 100,000 копии од албумот насекаде во светот.

Halo of Blood (2012–сѐ до денес)[уреди | уреди извор]

Halo of Blood е осмиот студиски албум на бендот. Беше издаден во Европа на 6 јуни, во Велика Британија на 10 јуни и во Северна Америка на 11 јуни. Турнејата Mayhem Festival заедно со Rob Zombie, Mastodon and Amon Amarth, беше исто така објавена на 18 март, 2013. Музичкиот новинар Неил Кели од PopMatters, во пофалба на албумот рече, „Death metal може многу добро повторно да внесе свест преку Halo of Blood, најдостапното издавање на Children of Bodom досега.“[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]