Bet365

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Bet365 Group Ltd.
Bet365 Logo.svg
Вид место
Приватна
Основано2000
Седиште,
Англија
Опслужувано подрачјеЦел свет
СопственикДенис Коутс
Џон Коутс
Питер Коутс
Основач(и)Денис Коутс
ДејностОнлајн кладење
УслугиОнлајн Спортско обложување и игри на среќа
Приходи £2.981 милијарди [1] (2019)
Оперативен доход £767 милиони[1]
Вработени 4646[1]
Адресаwww.bet365.com

Bet365 Group Ltd (попозната како „ bet365“) е британска компанија за онлајн коцкање со седиште во Велика Британија. Основана е од Денис Коутс, која останува мнозински акционер и извршен директор заедно со нејзиниот брат Џон.

Преглед[уреди | уреди извор]

Бет365 е компанија за онлајн коцкање што нуди спортско обложување и казино игри.

Покрај седиштето на компанијата во Стоук на Трент, Бет365 има канцеларии и во Манчестер, Гибралтар, Малта, Бугарија и Австралија. Компанијата има вработено над 4.000 луѓе заклучно со 2020 година.

Бет365 е трговско име на Hillside (New Media) Ltd.[2] и операциите, вклучително и плаќањата преку партнерската програма [3] се вршат под тоа име.

Бет365 прифаќа играчи од Македонија и доколку сакате повеќе информации можете да прочитате рецензија за Bet365 казино[4].

Историја[уреди | уреди извор]

Бет365 е основана во 2000 година во Стоук на Трент од Денис Коутс. Денис разви платформа за спoртско обложување и тим за трговија за да го започне онлајн бизнисот во март 2001 година. Бизнисот позајми 15 милиони фунти од РБС за семејниот бизнис со обложувалници основан од Питер Коутс во 1974 година и управуван од Денис Коутс како извршен директор од 1995 година. Бет365 го продаде својот ланец обложувалници во 2005 година за 40 милиони фунти на Корал и го исплати заемот на РБС.[5]

Претседателот на Бет365, Питер Коутс, ја има истата позиција и во фудбалскиот клуб Стоук Сити и во мај 2012 година Бет365 потпиша тригодишен договор со клубот за да станат спонзори на нивниот дрес.[6] Во април 2016 година, компанијата стана спонзор на името на стадионот на клубот за наредните шест сезони, заменувајќи го локалното претпријатие Britannia Building Society.[7] Во летото 2016 година, Бет365 исто така потпиша спонзорски договори за дресови со бугарските клубови Лудогорец Разград и Славија Софија за претстојните две сезони.

Пријавените податоци на Бет365 до март 2018 година покажуваат 52,56 милијарди фунти обложени на спорт, приходи од 2,86 милијарди фунти и оперативна добивка од 660,3 милиони фунти.

Денис Коутс, извршен директор, продолжува да ја води Бет365 и е мнозински акционер со 50,1% од акциите. Нејзиниот брат Џон, извршен директор, работи заедно со неа, а нејзиниот татко Питер е во функција на претседател.

Во моментов гради наменска канцеларија во Малта, со поглед на Валета.

Во летото 2019 година, најголемите обложувалници во Велика Британија и оператори на онлајн казинa, Вилијам Хил, ГВЦ Холдингс, Флатер Ентертејмент, Старс Груп и Бет365 склучија договор за донирање на средства за борба против зависноста од коцкање. Тие се согласија да ја зголемат сумата од 0,1% на 1% од бруто приходот во следните 5 години.

Награди и достигнувања[уреди | уреди извор]

На доделувањето на eGaming Review Operator Awards 2010, организирани од списанието eGaming Review Бет365 ја освои наградата „Оператор на годината“.[8] Бет365 се најде на третото место на табелата во The Sunday Times Profit Track 100, кое ги рангира приватните компании во Велика Британија врз основа на стапката на раст на профитот.[9] Бет365 исто така се најде на табелата на The Sunday Times Profit Track 100 како една од најбрзо растечките приватни компании во секторот за технологија, медиуми и телекомуникации.

Магазинот eGaming Review ја рангираше Бет365 број еден kомпанија за интернет игри во 2010, 2011 и 2012 година како дел од својата годишна Power 50 список на топ 50 највлијателни компании за интернет игри .[10] Денис Коутс, основач и извршен директор на Бет365, доби CBE на новогодишната почесен список на кралицата за услуги кон заедницата и бизнисот. Во февруари 2013 година, Денис Коутс беше именувана за една од 100-те најмоќни жени во Велика Британија од страна на Woman's Hour на Би-Би-Си Радио 4.

Контроверзии[уреди | уреди извор]

Во октомври 2014 година, весникот Гардијан објави дека компанијата земала облози од кинески граѓани користејќи прикриени имиња на домени со цел да ја избегната владината цензура.[11]

Во 2016 година, Бет365 беа казнети со 2,75 милиони долари за реклами кои лажно ветуваа „бесплатни облози“ за клиентите.[12]

Денис Коутс стана највисоко платен директор во Велика Британија во 2017 година, доделувајќи си плата од 217 милиони фунти.[13] Во 2018 година, нејзината плата се искачи на 265 милиони фунти, бидејќи компанијата пријави профит од 31% до 660 милиони фунти, што предизвика критики од страна на добротворните групи за проблеми со коцкање.[14] Во јануари 2019 година, Бет365 се најде на второто место на списокот на The Sunday Times за највисоки даночни обврзници во Велика Британија, семејството Коутс - Денис, Џон и Питер - плаќаат вкупно данок од 156 милиони фунти, од кои 99 милиони фунти припаѓаат само на Денис.[15]

Понатамошните критики истакнуваат случаи на одложена исплата или целосно неисплаќање на добивките на играчите. На пример, Бет365 биле тужени затоа што одбиле да исплатат над 1 милион фунти добивка на обложувач на коњи во Северна Ирска во 2017 година.[16] Компанијата одбила да исплати 54.000 фунти на играч од Англија во 2016 година.[17] Во Австралија, Бет365 ја замрзна сметката и одби да плати играч кој освоил околу 200.000 АUD во 2016 година.[18] Ова се само некои од најзабележителните случаи; уште неколку случаи се пријавени од корисници на форумите за коцкање.[19][20]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Bet365 Group Limited by Company Check UK“. Посетено на 16 December 2019.
  2. „ASA Adjudication on Hillside (New Media) Ltd“. Архивирано од изворникот на 12 August 2016. Посетено на 24 April 2016.
  3. „bet365 affiliates terms and conditions“. Архивирано од изворникот на 22 August 2012. Посетено на 22 August 2012.
  4. „Bet365 обложувалница – рецензија и бонус“. Kladenje.mk. Посетено на 2021-03-26.
  5. „A Very Private Practice“. Архивирано од изворникот на 6 April 2012. Посетено на 6 October 2011.
  6. „bet365 put their shirts on Stoke City“. The Sentinel. Архивирано од изворникот на 18 June 2013. Посетено на 8 May 2012.
  7. „Stoke City's Britannia Stadium to be known as bet365 Stadium next season“. The Guardian. 21 April 2016. Архивирано од изворникот на 4 June 2016. Посетено на 24 May 2016.
  8. „bet365 wins EGR Operator of the Year award“. Архивирано од изворникот на 27 November 2010. Посетено на 29 November 2010.
  9. „Sunday Times Fast Track“. Архивирано од изворникот на 31 March 2012. Посетено на 6 October 2011.
  10. „Exclusive: bet365 claims Power 50 crown for third year running“. Архивирано од изворникот на 12 October 2013. Посетено на 18 December 2012.
  11. „Revealed: how Bet365 profits from Chinese punters who risk jail for gambling online“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 31 May 2016. Посетено на 2 June 2016.
  12. „Court imposes $2.75 million in penalties on bet365 companies for misrepresenting free bet offer“. Australian Competition & Consumer Commission. Архивирано од изворникот на 1 December 2017. Посетено на 27 November 2017.
  13. „Bet365 chief Denise Coates paid herself £217m last year“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 26 November 2017. Посетено на 27 November 2017.
  14. Chapman, Ben (21 November 2018). „Bet365 boss Denise Coates' pay rises to 'eye-watering' £265m“. The Independent (англиски). Архивирано од изворникот на 6 January 2019. Посетено на 5 January 2019.
  15. „UK's 'highest taxpayers' revealed“. BBC.com. 27 January 2019. Архивирано од изворникот на 27 January 2019. Посетено на 27 January 2019.
  16. „Exclusive: Teenager takes bet365 to court over £1m 'won' on horse races“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 3 December 2017. Посетено на 27 November 2017.
  17. „Bookmaker bet365 admits mistake in wrangle over £54,000 account“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 1 December 2017. Посетено на 27 November 2017.
  18. „Punter owed six-figure payout has account frozen after dog plunge“. The Australian. Посетено на 27 November 2017.
  19. „Bet365 Account Locked for 5 Months (ref. ACSTA)“. TwoPlusTwo. Посетено на 27 October 2017.
  20. „Bet365 requests strange verification way. Is it secure and do they have such right?“. SporsBookReview. Архивирано од изворникот на 1 December 2017. Посетено на 2 July 2017.