Autodesk 3ds Max

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Autodesk 3ds Max
File3ds Max logo.png
Програмери Autodesk Media and Entertainment
Стабилно издание 2013 / март 27, 2012; пред 2 години (2012-03-27)
Опер. систем Windows 2000, Windows XP, Windows Vista и Windows 7
Вид 3D компјутерска графика
Лиценца Комерцијален софтвер
Мреж. место autodesk.com/3dsmax

Autodesk 3ds Max, поранешен 3D Studio Max, е 3D компјутерски графички софтвер за креирање 3D анимации,модели и слики. Развиван е од Autodesk Media and Entertainment. Има алатки за моделирање , флексибилни додатоци и може да се користи на Microsoft Windows оперативниот систем. Често се користи за развивање видео игри , ТВ реклами и визуелизација на архитектурални решенија. Понекогаш се користи за филмски ефекти и визуелизација на филмови.

Освен алатките за анимирање и моделирање, последната верзија содржи и Shader-и , глобално осветлување , кориснички интерфејс кој може да се прилагодува и свој скриптен јазик.[1]

Почетокот на 3D Studio Max[уреди]

историјата на 3D Studio Max нема референци

Оригионалниот 3D Studio беше креиран за DOS платформата од Yost Group и објавен од Autodesk. По четвртата верзија на 3D Studio DOS , продуктот беше развиен за Windows NT платформата со ново име „3D Studio MAX“. Оваа верзија беше креирана од истите развивачи , Yost Group но беше објавена од Kinetix - што во тоа време беше дел од Autodesk кој се занимава со мултимедија и забава. Autodesk го купува продуктот и интерно работи на следните две верзии. Потоа името се менува во „3ds max“ (сите мали букви). По осмата верзија , продуктот добива големо „М“ т.е. „3ds Max“ (големи и мали букви). Во 2009 , продуктот го добива логото на Autodesk , a името е „Autodesk 3ds Max“.

Опции[уреди]

Препознатливата главна лента на 3ds Max
MAXScript
MAXScript е скриптен јазик кој може да се користи за задачи кои се повторуваат , да комбинира функционалности на софтверот на нови начини , да креира нови алатки за софтверот , нови интерфејси и многу друго. Додатоците на 3ds Max може да се напишат во MAXScript.
Character Studio
„Character Studio“ беше додаток на Max уште од четврата верзија и сеуште е инкорпориран во новите верзии , помаѓајќи им на корисниците да создадат виртуелни карактери. Системот работи така што се користат карактери со „скелет“(моделот се дели на коски) и се местат опции така што тие се анимираат. На овој начин може да се создадат анимации како одење многу побрзо отколку рачно.
Scene Explorer
„Scene Explorer“, е алатка што дава хиерархиски поглед на податоците на сцената , што помага во анализа и работа со комплексни 3D сцени. Се појавува во 3ds Max 2008 како првиот оригинален додаток што не е напишан во MAXScript туку во .NET
General Keyframing
3ds Max овозможува лесно анимирање користејќи „keyframe“ , алатка што ја запамтува моменталната состојба на објектот и ја анимира според останатите состојби.Има два вида „keyframe“ Auto/Set.
Skin
Skin модификаторот се користи за формирање на скелет така што делови од моделот се поврзуваат со коски. На тој начин моделот движи повеќе делови што се поврзани еден со друг оддеднаш.

Користење во индустријата[уреди]

Многу филмови се направени со овој софтвер , како Аватар и 2012 (филм) , што користат реална монтажа , но и анимација и модели од овој софтверски пакет. 3D моделите можат да се користат и во компјутерската графика за многу видео игри. Фирмите за инженеринг и архитектура го користат 3ds Max за концепти како и визуелизација.

Референци[уреди]

Надворешни врски[уреди]