„Ako poludim“ (македонски: Ако полудам) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 2000 година, а се нашла на четиринаесеттиот студиски албум на бендот, односно на третиот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главна пејачка, насловен Minus i plus (Минус и плус). Како и најголемиот број песни на албумот, „Ako poludim“ е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. За да ја промовира песната, бендот има снимено и музичко видео.