Adobe Flash

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Со Adobe Flash (транскрипција: Адоби флеш) или едноставно Flash се мисли и на Adobe Flash изведувачот, но и на Adobe Flash мултимедијалниот програм. Adobe Flash Professional се користи за правење на Апликации, Игри, Анимации за на личен сметач, телевизија или пак мобилни телефони и разни безжични уреди. Flash изведувачот, производен и дистрибутиран од Adobe Systems , е клиентска програма достапна на повеќето интернет пребарувачи. Содржи векторска графика, програмски јазик наречен ActionScript и поддршка за слики, видео и аудио. Исто има и верзии од Flash изведувачот достапни за на мобилен или други преносливи уреди.

Накратко речено Adobe Flash е интергрирана средина за создавање (IDE), а Flash Изведувачот е апликација за да се отвораат Flash податотеките создадени со Adobe Flash. Но затоа кога велиме само "Flash" може да мислиме на Adobe Flash на Flash изведувачот или пак на Flash податотеките.

Од излегувањето на Flash во 1996, Flash технологијата прерасна во популарен метод на додавање на анимација на мрежните места; неколку програмски производи, системи, и уреди можат да прикажуваат Flash. Flash најчесто се користи за создавање анимации, игри, реклами, различни семрежни составници, за вметнување видео на мрежните места и разни семрежни прилози.

Flash податотеките, често наречени "Flash анимации" или "Flash игри", имаат .swf наставка и можат да бидат дел од мрежно место, и директно да се отвораат преку Flash изведувачот, или пак да претставуваат проектор (Flash клип со наставката .exe во Windows) како и обичните апликации. Flash Видео податотеките ја имаат наставката .flv и се отвораат преку .swf податотеките.