Adobe Dreamweaver

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Adobe Dreamweaver

Adobe Dreamweaver е најкористена апликација за создавање и развој на мрежни места. Таа првично е создадена од Macromedia (фирма која од 2005 е во сопственост на Adobе). Dreamweaver е поддржан и на Windows и на MAC OS. Поновите верзии на Dreamweaver поддржуваат и семрежни прилози како: CSS, JavaScript, ASP, PHP и слично.

Опции (Можности)[уреди | уреди извор]

Кај Dreamweaver е добро тоа што е WYSIWYG (What You See Is What You Get) едитор. Тоа значи дека не мора да се знаат описни и програмски јазици за кодирање на мрежно место. Со мала обука како функционира апликацијата, и обични почетници можат да направат сопстено мрежно место, а притоа да немаат ниту елементарни познавања на HTML (Hyper Text Mark-Up Language). Но, добро е и тоа што има опција да се прикаже кодот за време на изработката на мрежното место па со тоа сите што имаат познавање од HTML можат да изработат совршено мрежно место. Друга предност е тоа што кодовите во Dreamweaver се компитабилни со W3C стандардите.

Dreamweaver ги има сите основни, но и понапредни опции за едно мрежно место да биде перфектен. Има опции за: Вметнување на флеш, вметнување на слики, создавање табели, уредување на текстот, линкување на слика, создавање на обични и паѓачки мениа, интересни ефекти и уште стотина корисни опции.

Што поддржува Dreamweaver ?[уреди | уреди извор]

Како што напоменав погоре, Dreamweaver поддржува многу семрежни прилози, меѓу кои и:

Историја на верзиите[уреди | уреди извор]

Творец Главна верзија Споредно име Датум на издавање Кратки забелешки
Macromedia 1.0 1.0 Декември 1997 Верзија која е поддржана само на Mac OS
1.2 Март 1998 Прва верзија која е поддржана и на Windows
2.0 2.0 Декември 1998
3.0 3.0 Декември 1999
UltraDev 1.0 Јуни 1999
4.0 4.0 Декември 2000
UltraDev 4.0 Декември 2000
6.0 MX Мај 29, 2002
7.0 MX 2004 Септември 10, 2003
8.0 [1] 8.0 Септември 13, 2005
Adobe 9.0 CS3 Април, 2007 Замена на Adobe GoLive во Creative Suite series
10.0 CS4 Септември 23, 2008
Боја Значење
Црвена Стара верзија; не е во употреба
Жолта Стара верзија; сѐ уште се користи
Зелена Моментална верзија


Достапност[уреди | уреди извор]

Јазична достапност[уреди | уреди извор]

Adobe Dreamweaver CS4 е достапен на следниве јазици: Бразилско - Португалски, Кинески (Само во Windows), Чешки, Германски, Англиски, Француски, Италијански, Јапонски, Корејски (Само во Windows), Полски, Руски, Шпански, Шведски и Турски.

Наводи[уреди | уреди извор]