4 минути (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Четири минути (германски: Vier Minuten) - германски филм од 2006 година, во режија на Крис Краус, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Моника Блајбтрој, Хана Херцшпрунг, Јасмин Табатабај, Свен Пипиг, Штефан Курт, Вадим Гловна и Ричи Милер. Филмот освоил 22 награди и имал уште 11 други номинации.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Џени фон Лебен (ја игра Херцшпрунг) издржува затворска казна поради убиство. Еден ден, во затворот пристигнува старицата Трауде Кригер (ја игра Блајбтрој) за да им дава часови по клавир на неколку затворенички и на затворскиот чувар Мице (го игра Пипиг). За време на црковната миса, Труде ја забележува Џенни и сфаќа дека таа е талентирана, па ја вклучува во својата програма со намера да ја подготви за натпревар. Притоа, Трауде дознава дека Џени била чудо од дете, дека во тинејџерските години била подложена на насилство и дека е затворена поради убиство и обезглавување на некој човек.[2] Меѓутоа, уште на првиот час, Џени брутално го претепува Мице поради што Трауде мора да го убеди директорот на затворот за дозвола за натамошни часови со Џени. Џени е многу агресивна и лесно избувнува така што Трауде има големи тешкотии во односот со неа. Непосредно пред натпреварот, Џени претепува една затвореничка и тогаш нејзината музичка оббука мора да се прекине. Меѓутоа, на денот кога Трауде доаѓа во затворот да си го земе клавирот, со нејзина помош Џени успева да побегне од затворот. Во домот на Трауде, Џени дознава за нејзината лезбејска љубов со една затвореничка за време на Втората светска војна. Во последен миг, Трауде ја убедува џени да се појави на натпреварот, а кога Џени треба да излезе на бината, полицајците ја опколуваат концертната сала. Трауде го убедува шефот на полицијата да ѝ овозможат на Џени да го заврши настапот. За време на тие четири минути, таа свири комбинација на дело на Шуман и сопствена модерна импровизација, што предизвикува силен аплауз од публиката. Во мигот кога Џени се поклонува, на бината доаѓаат полицајците и ја апсат.

Наводи[уреди | уреди извор]