Прејди на содржината

1 Солуњаните 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
1 Солуњаните 1
гл. 2 →
Делчиња од посланието (1,3–2,1 и 2,6–13) на Папирус 65, III век.
КнигаПрво послание до Солуњаните
КатегоријаПавлови посланија
Во БиблијатаНов завет
Ред. бр. во Библијата13

1 Солуњаните 1 — првата глава на Првото послание до Солуњаните од Новиот завет на Библијата. Негов автор е Апостол Павле, кој веројатно го напишал во Коринт околу 50-51 г. и е упатен кон црквата во Солун, Македонија.[1] Оваа глава содржи предговор во кој Павле ја искажува благодарноста кон солунските верници.[2]

Изворниот текст можеби е напишан на коински грчки јазик. Главата е поделена на 10 стиха.

Ракописно сведоштво

[уреди | уреди извор]

Еве некои рани раскописи во кои се содржи текстот на оваа глава:

Предговор

[уреди | уреди извор]

Во воведниот дел на писмото се споменува испраќачите, примачите, се испаќа поздрав и се пожелиува здравје и среќа.[2]

Од Павле, Силван, and Тимотеј,
До црквата на Солуњаните во Бог Оте­цот наш и во Господ Исус Христос:
бла­годат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос.[3]

Испраќачите се претставуваат овде, како и во 1 Солуњаните 3,1-10.[2] Примач е „црквата (соборот) на солуњаните (која е) во Бог Оте­цот наш и во Господ Исус Христос“, со што авторот ја воведува темата на групна припадност во целото послание.[2]

Благодарност (1,2–10)

[уреди | уреди извор]

Овој дел се состои од една долга реченица во која Павле вообичаено искажува благодарност во сите негови посланија по предговорот, со исклучок на Галатјаните.[2]

Стихови 2–4

[уреди | уреди извор]
2Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во мо­лит­вите наши, непрестајно, 3го споменуваме делото на вашата ве­ра, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш. 4Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,[4]
  • Делото на верата, делото на љубовта и истрајноста на надежта е исказ за тројство на верата, кое често се јавува во Павловите и подоцнежните посланија од Новиот завет (1 Солуњаните 5,8; Римјаните 5,1-5; 1 Коринтјаните 13,13; Галатјаните 5,5-6; Ефесјаните 4,2-5; Колосјаните 1,4-5; Евреите 6,10-12; 10,22-4 и 1 Петар 1,3-8), кое станува својоствено на Христовите следбеници, не само како теолошки доблести, туку особени одлики на групен идентиет, за солуњаните да можат да се маречат „луѓе кои се одликуваат со вера (во Христа), љубов и надеж“.[2]

Стихови 9–10

[уреди | уреди извор]
9Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистин­ски Бог, 10и да Го очекувате од небесата Него­виот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гне­вот што доаѓа.[5]
  • „Да Го очекувате од небесата Него­виот Син“: следејќи го Павловото верување дека Исус Христос, кој е Син Божји, се овоплотил и неговата човечка природа страдала, па умрела за гревот на човештвото; Бог Отецот го воскреснал од мртвите и го вознел во небесата, каде сега престојува додека не дојде времето за да се исправат сите нешта, кога ќе се врати и праведно ќе му суди на светот.[6] Затоа, верниците во Солун треба да го очекуваат, и со верба да го чекаат да им донесе вечна слава и среќа.[6]
  • „Исус, Кој нѐ избавува од гне­вот што доаѓа“: бидејќи верниците се оправдуваат со крва и праведноста на Исус Христос, тие ќе бидат избавени од сите казни на овој свет и свеот кој претстои.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Esler 2007, стр. 1199.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Esler 2007, стр. 1202.
  3. 1 Солуњаните 1,1, Стандардна библија на македонски, 2006 г.
  4. 1 Солуњаните 1,2-4
  5. 1 Солуњаните 1,9-10
  6. 6,0 6,1 6,2 John Gill's Exposition of the Entire Bible – 1 Thessalonians 1:10

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Esler, Philip F. (2007). „71. 1 Thessalonians“. Во Barton, John; Muddiman, John (уред.). The Oxford Bible Commentary (I (мека корица). изд.). Oxford University Press. стр. 1199–1212. ISBN 978-0199277186. Посетено на February 6, 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]