12 мајмуни (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
12 мајмуни
ЖанрНаучна фантастика
Мистерија
Заснована на12 мајмуни
Развиена одТери Маталас
Тревис Фикет
Улоги
Композитор(и)
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски јазик
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди26 (список на епизоди)
Продукција
Извршен продуцент(и)
  • Натали Чаидез
  • Ричард Сакли
  • Чарлс Ровен
  • Дејвис Гросман
  • Тери Маталас и Тревис Фикет
Продуцент(и)
  • Ричард Е. Робинс
  • Џејк Курили
Местоположба
Времетраење40–47 минути
Продукциска куќа
ДистрибутерNBCUniversal Television Distribution
Прикажување
Првична мрежаSyfy
Сликов формат1080i (HDTV)
Звучен форматСтерео
Првично прикажувањејануари 16 2015 (2015-01-16)
Надворешни врски
Official websitesyfy.com/12monkeys

12 мајмуни — американска телевизиска серија која се прикажува на Syfy создадена од Тери Маталас и Тревис Фикет.[1] Тоа е научно фантастична и мистериозна драма базирана на истоимениот филм од 1995 година, режиран од Тери Гилијам. Серијата својата премиера ја имала на 16 јануари 2015 година.[2] На 12 март 2015 година, серијата била продолжена на втора сезона која своја премиера имала на 16 април 2016 година.[3][4] На 29 јуни 2016 година, серијата била продолжена на трета сезона која ќе се состои од 10 епизоди, со премиерно прикажување во 2017 година.[5]

Вовед[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Список на епизоди од 12 мајмуни.

Временскиот патник Џејмс Кол (Арон Стенфорд) патува од 2043 година во сегашноста за да спречи ослободување на смртоносен вирус од мистериозна организација позната како "Армија на 12 мајмуни". Тој вирус, во автентичната временска линија на Кол, предизвикал смрт на 93.6% од светското население. Кол ќе има помош од брилијантниот виролог Касандра Рајли (Аманда Шул) и математичката генијалка со психолошки проблеми, Џенифер Гојнс (Емили Хемпшир).

Сезона Епизоди Почеток Крај
1 (2015) 13 16 јануари 2015 10 април 2015
2 (2016) 13 18 април 2016 18 јули 2016

Улоги и ликови[уреди | уреди извор]

Главни[уреди | уреди извор]

  • Арон Стенфорд како Џејмс Кол, временски патник кој се обидува да го спаси човековиот род, и да се искупи за своето проблематично минато
  • Аманда Шул како Др. Катерина Касандра "Кеси" Рајли, виролог
  • Кирк Асеведо како Хозе Ремзи, најдобриот пријател на Кол
  • Ноа Бин како Арон Маркер (сезона 1; гостин сезона 2), поранешно момче на Касандра и политичар
  • Тод Сташвик како Теодор Дикон (сезона 2; споредна улога сезона 1), водач на брутална група на преживеани наречена West VII[6]
  • Емили Хемпшир како Џенифер Гојнс (сезона 2; споредна улога сезона 1), ќерка на Лиланд Гојнс, и математички гениј која го сретнува Кол во психијатриска болница[6][7]
  • Барбара Сукова како Катарина Џонс (сезона 2; споредна улога сезона 1), ракувач на временската машина[6]

Споредни[уреди | уреди извор]

  • Том Нунан како „бледиот човек“, негативец кое е лице на Армијата на 12 мајмуни
  • Димор Барнс како Маркус Витли, еден од малкуте преостанати војници на американската војска[8]
  • Ромина Д'Уго како Макс, член на West VII, поврзана со Кол и Рамзи[8]
  • Рамон де Окампо како Оливер Питерс, медицински истражувач
  • Алисен Даун како Оливија, висок член на Армијата на 12 мајмуни и сестра на „бледиот човек“
  • Ејми Слон како Елена (сезона 1), мајка на синот на Рамзи
  • Мајкл Хоган како Др. Ванс Екланд (сезона 2), харизматичен и интелигентен научник од иднината[6]
  • Скоти Томпсон како Мантис (сезона 2), мајка на Оливија и „бледиот човек“[9]
  • Џеј Карнес како Роберт Гејл (сезона 2), ФБИ агент од 1940 година[10]
  • Ендрју Гилис како Адлер, научник во проектот Разделување
  • Ксандер Беркелеј како Џонатан Фостер, водич на Острицата
  • Брук Вилијамс како Хана Џонс (сезона 2), ќерка на Катарина
Главни ликови
Арон Стенфорд Аманда Шул Ноа Бин Емили Хемпшир Барбара Сукова Тод Сташвик
Арон Стенфорд Аманда Шул Ноа Бин Емили Хемпшир Барбара Сукова Тод Сташвик

Прифаќање[уреди | уреди извор]

Критики[уреди | уреди извор]

Првата сезона на 12 мајмуни добила мешани и позитивни критики. На Rotten Tomatoes, серијата има резултат од 74 проценти. Консензусот за првата сезона гласи: "Бесмисленото патување низ времето во 12 мајмуни ја прави серијата послаба за гледање во споредба со оригиналниот материјал, но дејствието кое е со висок квалитет и одличните улоги се врвни"[11] Кристина Сегерс за IGN напишала: "Тоа што започна едноставно со приказната "ајде да се вратиме и да го поправиме ова" наскоро се разви во длабока филозофска медијација на концептот на судбината наспроти слободната волја. Серијата исто така е страшно многу забавна."[12]

Емитување[уреди | уреди извор]

Syfy UK се стекнала со правата за регионално емитување и 12 мајмуни премиерно била прикажана во Обединетото Кралство на 27 февруари 2015 година.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ng, Philiana. „'12 Monkeys' Producer on Syfy Series: 'It's a Complete Reimagining'“, „The Hollywood Reporter“, 14 јули 2014 (посет. 2 ноември 2014 г).
  2. Kondolojy, Amanda. „'12 Monkeys' to Premiere Friday, January 16 at 9PM on Syfy“, TV by the Numbers, 9 октомври 2014 (посет. 2 ноември 2014 г).
  3. Roots, Kimberly (March 12, 2015). „12 Monkeys Renewed for Season 2“. TV Line. конс. March 12, 2015. 
  4. Assassin (January 7, 2016). „12 Monkeys - Season 2 - Premiere Date Announced + First Look Photo“. SpoilerTV. 
  5. Abrams, Natalie (June 29, 2016). „12 Monkeys renewed for season 3 — exclusive“. Entertainment Weekly. конс. June 29, 2016. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Natalie Abrams (July 11, 2015). „Comic Con 2015: 12 Monkeys lands Battlestar Galactica vet in season 2“. EW. конс. August 3, 2015. 
  7. Rebecca Iannucci (March 13, 2015). „TVLine Items: Syfy's Newest Monkey, Diddy Does black-ish and More“. TVLine. конс. April 22, 2015. 
  8. 8,0 8,1 „Syfy’s 12 Monkeys Adds Rookie Blue Vet, Originals Alum and Two Others — TVLine“. TVLine. 
  9. Denise Petski (August 3, 2015). „Tanc Sade Joins Showtime Pilot ‘Roadies'; Scottie Thompson In Syfy’s ’12 Monkeys’“. Deadline. конс. August 3, 2015. 
  10. Natalie Abrams (August 10, 2015). „12 Monkeys lands Downton Abbey, The Shield alums for season 2“. Entertainment Weekly. конс. August 10, 2015. 
  11. „12 Monkeys - Rotten Tomatoes“. Rotten Tomatoes. конс. June 20, 2016. 
  12. „12 Monkeys: Season 1 Review“. IGN. конс. June 20, 2016. 
  13. Syfy Sets UK Premiere Date For ’12 Monkeys’“, TVWise, 29 декември 2014 (посет. 1 јануари 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]