Шутка Сити ТВ
Изглед
Шутка Сити ТВ (англиски: Sutka City TV) е приватна телевизија сместена во Париз, Франција. Оваа телезија е единствена телевизија во Европската Унија која прикажува програма на ромски јазик. Нејзин основач и моментален директор е Андријан Џеладин, ром по потекло од Македонија. Името на телевизијата е инспирирано од скопската населба Шуто Оризари, или популарно наречена Шутка.
Шутка Сити ТВ е основана во септември 2012 година по двегодишни напори на нејзиниот раководител, чија цел е преку овој медиум да ја промовира ромската култура и традиција. Џеладин сака да ги отстрани предрасудите за Ромите во Франција. Програмата освен музика, содржи и снимени и емисии во живо.[1]