Шира

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гмечено грозје за шира.

Шира – свежо овошен сок (вообичаено гроздов сок) добиен со гмечење, цедење и пресување на овошјето.[1] Остатокот (цврстиот дел) што ги содржи семките, кожата и дршките на овошјето се вика комина. Правењето шира е првиот чекор во производството на вино.

Производство на вино[уреди | уреди извор]

Времетраењето на држењето на комината и ширата заедно е битно за карактерот на виното. Кога винарот процени дека е време, ширата се вади од комината, и истата се пресува за да се извади преостанатиот сок од неа. Ферментацијата може да биде природна (без додатоци), но за порамномерно вриење и спречување на прекин на ферментацијата се додава вински квасец. На комината може да ѝ се додаде вода, да се остави 24 часа и потоа да се користи за производство на вино. Во Македонија најчесто комината се користи за производство на ракија. Вака произведената ракија се нарекува коминарка.

Ширата може да се користи и за правење вински оцет.

Наводи[уреди | уреди извор]