Човекот од Сан Фернандо (филм од 1978)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Човекот од Сан Фернандо (англиски: Every Which Way But Loose) – американски филм од 1978 година, во режија на Џејмс Фарго, според сценариото на Џереми Џо Кронсберг. Главните улоги ги играат: Клинт Иствуд, Сондра Лок, Манис, Џофри Луис, Беверли Д’Анџело и Рут Гордон. Агентот на Иствуд го осветувал да ја одбие улогата во овој филм, но тој не го прифатил советот и, наспроти сите очекувања, „Човекот од Сан Фернандо“ станал голем хит, така што две години подоцна било снимено продолжението „Човекот од Сан Фернандо 2“ кое, исто така, постигнало голем комерцијален успех. Притоа, во тоа време, главната глумица во филмот, Сондра Лок, му била животна сопатничка на Иствуд, со кого била во брак до 1990 година. За потребите на филмот, тренер на Иствуд бил Ал Силвани, кој своевремено го тренирал светскиот шампион во бокс, Џејк Ламота, а две години претходно го тренирал и Силвестер Сталоне при снимањето на филмот „Роки“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Фило Бедо (го игра Иствуд) поправа автомобили, но всушност заработува за живот од уличните борби што му ги организира пријателот Орвил (го игра Луис). На Фило му се допаѓа кантри-музичарката Лин Хелис-Тејлор (ја игра Лок), која поминува една ноќ со него, а потоа си заминува. Заедно со Орвил и со орангутанот Клајд, Фило оди на пат по долината Сан Фернандо во потрага по Лин. Патем ја запознаваат девојката Еко (ја игра Д’Анџело) со која се зближува Орвил, а нив ги брка мотоциклистичката банда „Црни вдовици“...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]