Четирите елементи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франц Лист, околу 1846 година

Четирите елементи (Les quatre éléments), S.80 — циклус од четири хорски дела од Франц Лист, на текст од Жозеф Отран. Циклусот бил компониран во 1844–48 година, првично за придружба со пијано, подоцна оркестриран. Насловот е алузија на старогрчките елементи: земја, воздух, вода и оган. Како последователна мисла, Лист составил увертира за циклусот во 1849–50 година, но таа била ревидирана и станала неговата симфониска поема Прелудиуми (Les préludes).

Настанок[уреди | уреди извор]

Прва композиција на Лист во циклусот била композицијата Северници (Les aquilons), композицја за машки хор со придружба на пијано, компонирана на 24 јули 1844 година во Марсеј. Лист пристигнал во Марсеј еден ден претходно и се сретнал со хористите на една германска патувачка дружина, кои побарале изворна хорска композиција од композиторот. Поетот Жозеф Отран, кого Лист го посетил, му ја понудил песната Северници (Les aquilons). Во попладневните часови на 24-ти, Лист го компонирал делото. Делото било изведено на 6 август, на четвртиот концерт на Лист во Марсеј. Придружбата била на две пијана, а на едното свирел самиот Лист. [1]

Циклусот[уреди | уреди извор]

Покрај Северниците (Les aquilons), Отран му дал уште три песни на Лист: Земја (La terre), Поплави (Les flots) и Ѕвезди (Les astres), а Лист исто така и за нив составил музика. Како низа, Земја (La terre), Северници (Les aquilons), Поплави (Les flots) и Ѕвезди (Les asres) го чинат циклусот Четирите елементи (Les quatre éléments). Насловот на циклусот e алузија на старогрчкиот концепт на четирите елементи, при што секоја од четирите песни се однесува на по еден од тие елементи: земја, воздух, вода и оган.

Земја (La terre) и Поплави (Les flots) биле компонирани во пролетта 1845 година за време на турнејата на Лист низ Шпанија и Португалија. Сепак, точните датуми сè уште не се јасни. Четирите дела од Четирите елементи (Les quatre éléments) никогаш не биле објавени, а единствено била изведена Северници (Les aquilons) на 6 август 1844 година. Ракописите се зачувани во архивот Гете и Шилер во Вајмар. Нивниот каталошки број е S.80. За ракописите на Земја (La Terre) и Поплави (Les flots), Емил Харасти и Теодор Милер-Ројтер ги даваат податоците „Лисабон и Малага, април 1845 година“ и „Валенсија, Велигденска недела 1845“, соодветно.[2] Што се однесува до ракописот на Ѕвезди (Les astres), нема податоци ниту за место, ниту за датум. Харасти го наведува 14 април 1845 година, како датум.[3]

Во писмото до Отран од 7 август 1852 година, Лист го потсетил поетот за четирите текстови што овој му ги дал и истовремено потврдил дека одамна ги завршил нивните поставки. Ова било можеби првпат Отран да добие известување за тоа каде се неговите песни. Самите песни биле објавени во 1856 година.[4]

Оркестрација и увертира[уреди | уреди извор]

Најраните извори за обиди за оркестрирање на циклусот Четирите (Les quatre éléments) се напишани со раката на препишувачот на Лист, Август Конради, на почетокот на 1848 година.[5] Постои партитура со раката на ученикот на Лист и препишувач Јоаким Раф од Увертира на Четирите елементи (Ouvertüre des Quatre éléments) со поправки на четири страници со раката на Лист, насловена како „4 Elements Seite 25“ и датирана 1850 година.[6]

Увертирата била суштински преработена од Лист неколку години подоцна за да стане неговата симфониска поема Прелудиуми (Les préludes).

Избрани снимки[уреди | уреди извор]

  • Лист: Хорски дела за машки гласови, Гергељ Богањи (пијано), машки хор на ансамблот Хонвед, Иштван Паркаи Хунгаротон

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Eckhardt (1982), pp. 172-184.
  2. Haraszti (1953), pp. 115 and 123; Müller-Reuter (1909) p. 294.
  3. Haraszti (1953), p. 115.
  4. Haraszti (1953), p. 114, n. 2 and n. 3.
  5. Raabe (1931), p. 70
  6. Bonner (1986), pp. 101-3.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Bonner, Andrew: Liszt's Les Préludes and Les Quatre Élémens: A Reinvestigation, in 19th-Century Music, 10 (1986), p. 95ff.
  • Eckhardt, Maria: Liszt à Marseille, in Studia Musicologica Academiae Scientarum Hungaricae 24 (1982), p. 163ff.
  • Haraszti, Emile: Génèse des préludes de Liszt qui n'ont aucun rapport avec Lamartine, in Révue de musicologie 35 (1953), p. 111ff.
  • Müller-Reuter, Theodor: Lexikon der deutschen Konzertliteratur, 1. Band, Leipzig 1909.
  • Raabe, Peter: Liszts Schaffen, Cotta, Stuttgart, Berlin 1931.